Мајка си ја тужи ќерката за промена на полот

Жена од Минесота најави дека има намера да ја тужи нејзината 17-годишна ќерка за барање за промена на полот.

0
100

Ан-мари Калгаро на прес-конференцијата во средата, го изрази својот бес поради тоа што на нејзината ќерка и било дозволено да отпочне со процесот на промена на полот без нејзино знаење.

„Сознанието дека окружните агенции и давателите на здравствени услуги, училиштето и други локални и државни служби целосно ме заобиколиле во случајов, целосно ме шокираше”, рекла на прес-конференцијата Калгаро низ солзи. „Зошто не бев барем известена?“

Тужбата му се спротивставува на државниот закон кој им овозможува на малолетници пристап до медицинска нега, без знаење на нивните родители, ако тие се ослободени – односно живеат одвоено од своите родители со одговорност за своите работи.

„Јас исто така ја преземам оваа акција за доброто на сите родители и семејства, кои може да се соочуваат со истата повреда на нивните права, така што тие и други, во иднина можат да биде поштедени од исти трагични настани“, рече Ан-мари.

Нејзината ќерка Калгаро, наводно примала хормонска терапија околу една година, но е малку веројатно дека ќе бара промена на полот пред да наполни 18 години – ако воопшто го направи тоа.

loading...