Марами за доење: приватност за мајката и спокојно цицање за бебето

Неодамна на пазарот се појави иновација која им помага на мајките и на бебињата – марама за доење. Постојат неколку различни производи под тоа име.

0
1167

Марамите за доење кои неодамна се појавија на пазарот им помагаат и на мајките и на бебињата. Постојат неколку различни производи под тоа име.

Тие можат да бидат врз принцип на носилка за бебе која може да се користи и за време на доењето. Доста личат на веќе познатите носилки за бебиња. Друг вид на марами за доење се оние кои можат да се рашират и детето да се стави под марамата. Основна функција на марамата е да им овозможи приватност и комфор на мајките при доењето. Освен тоа мајките коментираат дека им помага и на децата на тој начин што бебето може да се фокусира на цицањето без да му биде вниманието одвлечено од нешто друго.

Марамата за доење е идеална и ако не сакате да покажувате премногу кога доите, особено ако сте тазе мајка, се уште невешти и срамежливи. Овие марами му помагаат на детето да има мир за време на цицањето, а со тоа и на мајките им го олеснува целиот процес.

Најчесто можат и да се спакуваат во мала торба која воопшто нема да ви пречи во торбата со останатите дребулии за бебето. Можете да ја користите и како прекривка за количката за време на сончевите денови.

[better-ads type='banner' banner='999' ]