Младите херои носат промени

Поттикнувањето на децата да придонесат за подобрување на средината во која живеат е главната цел во интернационалната кампања Young Heroes

0
76

Интернационалната кампања Young Heroes, која стартуваше на 3.април во сите Helen Doron Центри низ Европа и Азија ги поттикнува децата да придонесат за подобрување на средината во која живеат и ги охрабрува да станат подобри граѓани на светот.

– Ги повикуваме сите наши ученици да се вклучат во кампањата. Но овој проект не е само за нив, туку секој кој сака може да се вклучи и да придонесе. Секој може да биде херој – вели Валентина Динова, национален франшизер за HDE Македонија и додава дека да се биде херој не значи дека треба да се имаат супер моќи или посебни способности, доволно е децата да работат заедно во тимови и да придонесат за подобрување на животот на луѓето околу нив.

Оваа манифестација која се одржува од 1995 година во САД, на разни локации и секоја година е побројна, е наменета за подигнување на јавната свест за потребата од инклузија на лицата со Даунов синдром. Истата започнува со прошетка и финишира со хепенинг од хуманитарен карактер на кој ќе се собираат донации. Нашата манифестација ќе се одржи на ден 13-ти мај, сабота и ќе стартува во 12 часот со прошетка од Фонтана во Градски парк, низ паркот до влезот на Луна парк, покрај стадионот до Паркот на Франкофонијата, каде се одржи забавниот дел, односно хепенингот.

loading...