Консумирањето алкохол за време на адолесценцијата влијае на мозокот на идните генерации?

Во последните неколку години, стана јасно дека она што го правиме во нашите животи пред да зачнеме дете може да влијае на здравјето и менталното здравје на детето дури и ако тоа се роди години потоа. И тоа важи и за двајцата родители, а не само за мајката.

0
114

Една нова студија објавена во списанието Alcohol утврди дека кога се консумира алкохол во текот на адолесценцијата и пред забременувањето, тоа може да влијае на мозокот кај потомството. Засега, испитувањата се вршени врз стаорци, но научниците велат дека со оглед на поклопувањето кај двата вида мозоци, и она што го знаеме од претходните човечки студии, резултатите, најверојатно, се однесуваат и на луѓето. Што значи дека неколку епизоди на прекумерно алкохолизирање во средно училиште или на колеџ всушност би можеле да влијаат на здравјето на едно дете кое би се родило подоцна.

Истражувачите изложиле одредени групи на машки и женски стаорци на еквивалент на шест епизоди на прекумерно пиење за време на адолесценцијата. Потоа, се спарувани овие глувци со други кои биле „трезни“ и се правеле различни комбинации за да се добие потомство. На пример, женките кои биле изложени на алкохол се спарувале со машки кои исто така биле третирани со алкохол и со машки кои не биле изложени на алкохол. И машките стаорци кои биле изложени на алкохол биле спарувани со женки кои биле, но и со женки кои не биле третирани на тој начин.
Резултатите биле дека, на пример, во хипоталамусот, што е област која ги регулира телесните функции како сон, стрес, исхрана и репродукција, имало голем број на генетски промени. И, генерално, имало промени на 159 гени кај потомците на мајките кои би биле изложени на алкохол, а 93 кај подмладокот на татковците кои биле изложени на алкохол, а 244 гени кај потомството на двајцата родители кога и едниот и другиот биле третирани со алкохол.

[better-ads type='banner' banner='999' ]