Награда од Дизни за детските сокови на Вива

Вива ја доби престижната награда „The Licensed product of the Year award – 2016“ што ја доделува компанијата Дизни, за производ на годината, согласно високиот квалитет и уникатноста на природните сокови за деца со ликовите на Frozen и Avengers.

0
136

Македонската компанија Вивакс, како најголем производител на природни овошни сокови, нектари и пијалоци ја доби меѓународната награда што ја доделува Дизни за производ на годината, за своите сокови за деца со ликовите на Дизниевите јунаци Frozen и Avengers.

На големиот меѓународен настан што се одржа во Србија каде присуствуваа сите соработници на Дизни од земјите во Европа, специјално дизајниранираните сокови Frozen – природен 100% јаболко сок и Avengers – природен сок од портокал нектар збогатен со витамин Ц и калциум и го донесоа на Вива ова признание што го добиваат само компании кои ги исполнуваат и задоволуваат сите услови и стандарди кои се пропишани и поставени од Disney и Marvel.

Вивакс е првата компанија на Балканот која започна соработка со Disney и Marvel за производство на природни сокови наменети за деца. Вива Disney соковите се застапени на пазарите во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово и Албанија.

[better-ads type='banner' banner='999' ]