Научниците направија вештачка матка

Уредите кои се тестирани на јагниња еден ден ќе можат да им помогнат на предвремено родените бебиња.

0
192

Научниците објавиле дека осум јагниња преживеале и пораснале во вештачка матка во текот на четири недели, а ова сознание би можело да помогне во третирањето на предвремено родени бебиња. Тимот на истражувачи соопштил дека белите дробови на јагнињата и другите органи се развиле како да биле во мајчината утроба, што е значително подобрување во однос на користењето на инкубаторите.

Имено, научниците од Детската болница во Филаделфија, САД, развиле уред опремен со пластичнa „торбичка“ исполнета со течност и врпца, слична на папочната, преку која се доведува кислород, создавајќи на тој начин  средина во која се развива фетус.

Овој уред исполнет со течност кој е всушност реплика на матката, значително ќе ги подобри шансите за преживување на бебињата родени многу предвреме, се вели во студијата што е објавена во списанието „Nature Communications“.

Благодарение на овој уред научниците успеале  во  текот од четири недели да развијат фетус од јагне, животно  кај кое белите дробови се развиваат на „на многу сличен начин“ како кај човекот, се истакнува во студијата.

Фетусот од јагне бил ставен во уредот после 15 до 16-тата гестациска недела. Тоа е степен на кој развојот на нивните бели дробови е еквивалентен на развој на „исклучително рана недоносеност“ кај човечки фетус, од 23-та до 24-та гестациска недела.

Ален Флејк, еден од авторите на студија вели дека седум јагнешки фетуси нормално се развиле и преживеале повеќе од 25 дена. Ова е прв пат еден надворешен систем успешно да ги одржи виталните функции и да обезбеди развој на животински фетус, се наведува во студијата.

За развој на вештачка матка што ќе биде погодна за човечки фетус ќе бидат потребни уште 10 години, но ваков систем би бил многу подобар од инкубаторите кои вештачки се вентилираат.

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]