Не сте сигурни дека вашето дете има елементи на АДХД?

Постојат три начини на кои детето ги покажува симптомите на АДХД, синдром на дефицит на внимание и хиперактивност, а доколку не сте сигурни, проверете кои се најчестите симптоми 

0
764

Во основа, постојат три начини на кои детето ги изразува симптомите на АДХД, односно, на синдромот на дефицит на внимание и на хиперактивно однесување. Тоа се:

  1. Невнимание
  2. Хиперактивност
  3. Импулсивност

Знаци на невнимание

Занесеност, недостаток од концентрација

На детето му е тешко да го сослуша она што му го зборувате

Лесно е да му се попречи текот на извршувањето на некои задачи, но и на играта

Не слуша совети и наредби

Неорганизираност

Губи важни предмети

Ги заборава работите

Не сака да прави работи кои бараат ментален напор

Знаци на хиперактивност

Детето е немирно и во постојано движење

Премногу зборува

Има потешкотии да си игра или да зборува тивко

Често трча и се качува наекаде во ситуации кога е тоа несоодветно

Знаци на импулсивност

Детето „испалува“ одговори без да дочека прашањето да му биде поставено до крајот

Не може да ги дочека работите

Има проблем со чекањето во редица или со чекањето да му дојде ред за нешто

Делува и зборува без размислување

Истрчува на улица без гледање

Ги прекинува и им пречи на другите во работата, конверзацијата

Ако имате дете со АДХД и уште деца, тие сигурно се чувствуваат исфрустрирано заради братот или сестрата кој добива повеќе внимание од нив. Притоа, тешко е да им се објасни на другите деца зошто детето со АДХД добива повеќе внимание, особено поради тоа што неговото однесување е „негативно“, што и ним може да им испрати погрешна порака за тоа што е пожелно и прифатливо, а што не.

loading...