Негативни мајки: Дознајте кои типови постојат

Дали некогаш ви се случило да одите со детето во прошетка во парк и да се надевате дека нема да ја сретнете онаа мајка од вчера? Ви ги донесуваме најчестите типови мајки, кои секој би сакал да ги избегне.

0
1163

Дали некогаш ви се случило да одите со детето во прошетка во парк и да се надевате дека нема да ја сретнете онаа мајка од вчера? Ви ги донесуваме најчестите типови мајки, кои секој би сакал да ги избегне. 

Совршена мајка

Мајка, чие дете има најскапи играчки, јаде само органски грицки и во секој момент изгледа совршено секогаш ќе се чувствува повикана да им дели совети на луѓето околу себе. Тоа што првпат ве гледа нема да и биде препрека да ви одржи лекција што правите погрешно во одгледувањето на вашето дете. Овој тип на мајка сите се обидуваат успешно да ја избегнат.

Мајка која осудува

Овој тип на мајка успешно ќе пронајде начин поради нешто да ве осуди. Испитувањата за доењето, за навиките за спиење или за развојните пресвртници на вашето дете најчесто се фактите, кои ја интересираат оваа мајка. Секогаш вашето дете ќе го спореди со нејзиното и ќе потенцира дека нејзиното побрзо напредува. Оваа мајка е секогаш расположена за расправии.

Депресивна мајка

Мајката, која во секоја позитивна приказна гледа само негативни факти не е баш најдобро друштво. Имате доволна грижа и без мајката, која мисли дека секој случаен минувач е всушност киднапер на деца или која смета дека на детето во песокот може да му се случи нешто страшно.

Мајка на која и е тешко

При тоа не станува збор за мајка, на која поради некој лош настан и треба малку поддршка, туку на мајка, која постојано се жали. Незадоволна е од бракот, детето, здравјето, времето и претежно од целиот свет. Тргнете се од таквите луѓе, бидејќи што и да сторите никогаш нема да ги направите пооптимистични.

Фото: www.mamaibeba.com/Thinkstock

[better-ads type='banner' banner='999' ]