Паметни топломери на допир?! (ВИДЕО)

Температура, мислење и совет – се за само неколку секунди

0
304

Иако повеќето родители најмногу сакаат да им ја измерат температурата на своите деца со стар добар обичен топломер, сепак, веста дека на пазарот  доаѓа првиот паметен топломер на допир можеби ќе ги натера да го сменат мислењето.

Топломер кој ја мери температурата во увото, во секунда, топломер си кој со само едно движење на прстот да проверите каква била температурата во последните пет мерења, топломер што ќе ви испрати тажно или среќно смајли, а ако сте онлајн, автоматски може да се префрли и на неговата сопствена апликација кадешто можете да видите кои се основните симптоми и начини на лекување кај различни типови на болести.

Еднаш кога и нашите лекари така ќе се дигитализираат со апликација ќе можете автоматски да побарате мислење од својот педијатар-лекар.

Имено, зборуваме за топломерот на сегашноста и иднината, а името му е Earmo – прв дигитализиран топломер со LED тачскрин екран со кој, особено ноќе, повеќе нема да мора да го вознемирувате болното дете затоа што топломерот ја мери температурата буквално за една секунда. Цената му е околу 50 долари.

loading...