Пет митови во исхраната на децата: Овие производи не се здрави колку што мислите

0
1666

Диана Хес, стручњак за детска дебелина и директорка на Грамерси педијатрија, разби неколку најчести митови, кои придонесуваат за зголемување на телесната тежина кај децата.

Според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести, стапката на дебелина кај децата во изминатите 30 години двојно е зголемена. Многу родители не се сигурни зошто нивните деца не можат да престанат да добиваат на тежина, дури и покрај редуцираната исхрана

Во последно време на пазарот се појавија голем број прехранбени компании, кои ги рекламираат своите здрави производи, кои всушност и не се толку здрави и можат да доведат до зголемување на телесната тежина.

Мит број 1: Храната на која има ознака диетално без глутен и органска е вистинскиот избор

Декларацијата на намирниците може да ве наведе да поверувате дека јадете здрава хјрана. Но би требало да обрнете внимание и на другите состојки, како што се натриум, вештачки засладувач, како и хранливите вредности и калории.

Мит број 2: Џусот е здрав пијалак за децата

Многу родители веруваат дека доколку овошјето е здраво, истото важи и за овошните сокови. Меѓутоа висококалоричните овошни пилајаци, преполни со шеќер можат да доведат до дебелеење.

Мит број 3: Житарките се здрав избор за почеток на денот

Цералиите се вкусни и се брз начин на исхрана кога детето брза на училиште. Но бидете внимателни, бидејќи повеќето купени житарки содржат повеќе шеќери од стандардниот десерт.

Мит број 4: Лебот од цело зрна е здрав леб

Постојат мали разлики меѓу белиот леб и оној од цели зрна. Имено двата леба содржат високо ниво на гликоза, која веднаш влегува во крвотокот. Тоа не само што предизвикува дебелеење, туку може да доведе и до сериозни здравствени заболувања, како на пример дијабетес.

Мит број 5: Замрзнатиот јогурт е здрав десерт

Замрзнатиот јогурт можеби е поздрава алтернатива од сладоледот, но тоа не значи дека е најдобар избор. Иако повеќето смрзнати јогурти содржат мал процент млечни маст, тие и натаму имаат повеќе калории отколку што можете да замислите. 

 

Фото: www.yumama.com/dete/Shutterstock

[better-ads type='banner' banner='999' ]