Подобрете го родителското трпение со овие три трикови

Едното дете плаче, другото не сака да стане, вие не можете да си ги најдете клучевите...Сите доцните ...Ви се чини дека ќе експлодирате... Има ли нешто што можетре да направите?

0
311

Вашето тригодишно дете е кисело расположено и ги влeчe нозете. Вашето шестгодишно дете е вознемирено затоа што неговата омилена кошула е на перење и нема што да облече. Вие не можете да си ги најдете клучевите. И како капак на се, вашиот син ви го турна кафето и морате да се преслечете. Вие се трудите сите брзо да се подготвите и да излезете од дома, но вашите деца како да направиле договор со универзумот за да задоцните колку што е можно повеќе. Толку сте фрустрирани што мислите дека ќе експлодирате.
Како да го преживеете утрото како ова без да го изгубите трпението? Дали е тоа возможно?

1. За почеток дајте си можност да поминете низ ова стресно утро дури и ако не можете да го направите тоа токму на оној начин на кој би сакале. Ако се обвинувате себеси ќе ви биде уште потешко. Земете момент за себе и признајте си дека родителството е тешко и дека вие давате се од себе.

2. Кога не сте притиснати од времето гледате поинаку на работите. Можете дури и да најдете хумор во тешкиуте ситуации. Дали може да се направи нешто за вашето утро да биде помалку стресно. Одберете што ќе облечете вечерта пред да си легнете, понекогаш и тоа е добредојдено.

3. Комунициратјте. Во ред е да се признае грешка – тоа ќеим покаже на нашите деца дека и ние учиме. Тоа би можело да биде нешто како: „Жалам, го изгубив трпението утрово. Беше навистина стресен почеток на денот. Ќе се обидеме утре да биде поинаку“

[better-ads type='banner' banner='999' ]