Првата помош од бабите и дедовците може да биде опасна за децата

Бабите и дедовците кои се уште веруваат во некои потенцијално штетни начини на лекување можат несакајќи да им наштетат на внуците, покажала студијата на американскиот педијатар Ендрју Ејдесман

0
647

Помошта која во некои несакани ситуации кои често им се случуваат на децата можат да им ја дадат нивните баби или дедовци, некогаш може да бидат опасни за нив. Имено, некои од нив се уште веруваат во оние начини на лекување кои луѓето некогаш ги применувале и верувале дека им помагаат, а модерната медицина покажала дека не е така.

Бабите и дедовците кои се уште веруваат во некои потенцијално штетни начини на лекување можат несакајќи да им наштетат на внуците, покажала студијата на американскиот педијатар Ендрју Ејдесман

Така, 80 отсто од 636 испитани дедовци и баби погрешно веруваат дека е путерот добра прва помош кај помали изгореници.

Бабите често веруваат дека најдобар лек за изгореници е премачкувањето со дебел слој од путер со цел раната побрзо да зацели и да остави што помала лузна, но нанесувањето на путер ја задржува топлината па неговото нанесување на изгореницата нанесува уште поголема болка, а згора на тоа путерот може да содржи и бактерии па со неговото нанесување се ризикува децата да добијат и инфекција.

Денеска лекарите препорачуваат како прва помош изгореницата да се држи под млаз ладна, но не ледена вода, барем неколку минути, а потоа да се завитка во стерилна газа. Држењето на изгореницата под млаз ледена вода не е добро затоа што драстичната промена на температурата може да предизвика уште посилна болка.

Во студијата на др.Ејдесман се покажало и дека 62 отсто од дедовците и бабите погрешно веруваат дека гребаниците и исечениците подобро зацелуваат без завој.

Наспроти тоа, лекарите денеска советуваат помалите исеченици и гребаници да се измијат со физиолошки раствор и да им се стави стерилна газа и завој. Уште подобар избор е вазелинската газа затоа што нема да се залепи на раната. Секако, доколку станува збор за подлабоки рани, детето треба да с еоднесе на доктор.

loading...