Рецепти за првите кашички

За првите кашички за вашето дете е најважно да се направени од квалитетни и здрави намирници кои добро ќе ги испасирате или ќе ги обработите во блендер. Еве неколку идеи за првите цврсти оброци на вашето дете.

0
8458

При изборот на првите намирници за детето е потребно да се обрне посебно внимание на нивниот квалитет. Мораат да бидат свежи и секако, обидете се да најдете такви кои не се одгледувани со помош на пестициди. Важно е и добро да го згмечите зеленчукот или да го обработите во блендер за да бде полесен за варење. Супата (водата) од зеленчук и оризовата кашичка се однова за приготвување на другите кашички во текот на следнит месеци од животот на вашето бебе.

Како да приготвите супа од зеленчук:

Оваа супа може да биде приготвена од свеж или хомогенизиран зеленчук:

  1. Исечкајте на парчиња еден компир и еден морков.
  2. Ставете ги во 1 литар вода и варете ги на тивок оган додека не омекнат.
  3. Исцедете ја водата од зеленчукот. Потребни ви се 150-200 грама.

Оризова кашичка

Помешајте 1-3 лажички оризов гриз со изладена провриена вода или со супата од зеленчук, со мајчино млеко или со замена за мајчино млеко подготвено по упатството. Изладете и пробајте пред да му дадете на бебето.

Кашичка од зеленчук

Компир, пашканат, морков, бела репка се приготвуваат на истиот начин. Но на почетокот од воведувањето на цврста храна не ги мешајте туку приготвувајте кашички од само еден вид на зеленчук, а подоцна можете и да ги комбинирате.

  1. Исчистете 100 г компир (пашканат, морков или бела репа) и исечкајте на ситни парчиња.
  2. Ставете го зеленчукот што го подготвувате во поголема цедалја ставена на соодветно тенџерче со вода за да се свари на пареа. Варете 10 минути додека не омекна.
  3. Згмечете го зелечнукот низ цедалката (или измешајте), помешајте со 60-75 мл мајчино или вештачко млеко или водичка од сварениот зеленчук. Ставете во чинија, пробајте и изладете ако е потребно.
  4. Остатокот ставете го во фрижидер веднаш што ќе се излади и употребете го во рок од 24 часа.

Овошни кашички

Во првата фаза можете да користите јаболки или круши.

  1. Излупете, исчистете од семки и исечкајте 1 јаболко или 1 круша.
  2. Иситнете на коцкички и ставете да се варат во мало тенџерче сп 15 мл вода. Поклопете и варете 10 минути додека не омекне.
  3. Згмечете или ставете во блендер. Се разбира, пробајте и оладете доколку е потребно.
  4. Ако ви остане, ставете ја во фрижидер и искористете ја во рок од 24 часа.
[better-ads type='banner' banner='999' ]