Седум работи кои самохраните мајки не сакаат да си ги признаат

Кои се проблемите со кои самохраните, разведени мајки се среќаваат, а не сакаат да признаат затоа што мора да бидат силни во секоја ситуација?

0
443

Потребно е одредено време за навикнување на живот после разводот…

Разводот е процес – врската со некогашниот партнер, па дури и договорите со децата се менуваат после некое време. Во почеток можете да се чувствувате  чудно, како е неприродно да се биде родител како разведена мајка, но после некое време, сето тоа станува рутина. Иако сме сите различни и секој развод е приказна за себе, генерално постојат слични ситуации и проблеми кои сите разведени мајки можат да го споделат со други луѓе.

Кои се тие проблеми со кои самохраните, разведени мајки се среќаваат, а не сакаат да признаат затоа што мора да бидат силни во секоја ситуација?

Проблеми со пари

Речиси сите имаат некаков проблем со пари, но после развод тие проблеми знаат да се зголемат на извесно време. Борбата со финансиите како самохран родител може да биде стресна и обесхрабрувачка. Признанието дека тие постојат е генерално најтешката работа со која треба да се соочите. На сето тоа доаѓаат и забелешки од страна, дека, сепак, самите сте сакале развод.

Потреба за одмор и истовремено чувство дека детето ви недостасува

Колку време и да поминало од разводот, секогаш ќе ви недостасува детето кога ќе замине некаде, на екскурзија или кај другиот родител на викенд. Добро доаѓа одморот, но сепак…

Од друга страна, се појавува и силно чувство дека ви е потребна пауза од се, а таа никако да дојде доволно брзо. Колку повеќе поддршка добивате како самохрана мајка, толку подобро, но понекогаш толку долго ќе чекате на пауза, а потоа ќе се чувствувате виновна затоа што сте ја сакале…

Држите се под контрола

Разведените жени можеби не сакаат да признаат, но тешко е да се држи се под контрола. Кога луѓето ќе се раздвојат, семејството и пријателите главно се раздвојуваат и заземаат страни. Ретко кога луѓето остануваат неутрални. За мајката да ја одржи стабилноста заради децата, но и изгледот, иако од страна изгледа лесно, е всушност исполнето со проблеми и потешкотии.

Како се привикнуваат децата

Реагирањето на децата на разводот варира од дете до дете, но кога им е на децата тешко, никој не сака да го признае тоа. Секако, важно е да се има семејна терапија и поддршка за сите да се привикнат на новиот живот после разводот, но тешко е тоа да се сподели со други. Децата се привикнуваат на развод, па така и родителите, само е потребно време и доста љубов и нега.

Борбата боли

Сите знаат дека разводот и борбата околу децата болат и дека можат да ја „исушат“ личноста до сржта, како психички, така и физички. Меѓутоа, многу жени не сакаат да зборуваат за тоа, затоа што им е доволно што мораат овој товар да го носат на грбот.

Тој брак можеше да биде одличен, а излезе најлош

„Изгледаа толку среќно…“ Животот зад затворени врати е многу поинаков од оној што можеме да го видиме во јавност. Бракот може да е насилен, но не само физички или токсичен, а никој од надвор, до разводот да не го забележи тоа.

Морате да останете заедно заради децата

Кога луѓето и зборуваат на мајката која сака да се разведе дека мора да останбе во брак заради децата, се што таа жена сака да направи е да вика и да го истури гневот. Многу родители се разведуваат токму заради децата, а не против нив. Многумина сакаат се најдобро за своите деца, а тоа значи – да им обезбедат среќен дом. Ако не можете заедно, тогаш направете го тоа барем одвоено.

[better-ads type='banner' banner='999' ]