Семеен спортски ден

Утре (сабота), во спортскиот центар „Мондано“, од 10 до 17 часот, Ротаракт Клуб Скопје организира Семеен спортски ден на кои ќе има натпревари во фудбал, кошарка, одбојка, пинг-понг, но и музика, скара и пиво

0
72

Во спортскиот центар „Мондано“, во организација на Ротаракт Клуб Скопје утре (27.05.) се организира Спортски семеен ден на кој сите ротаријанци, ротарактовци и пријатели со своите семејства ќе можат да се дружат и да спортуваат заедно со децата со Даунов синдром, а ќе имаат можност да уживаат и во добра музика, скара и пиво.

Во рамки на настанот ќе се одржат:

  1. Натпревари во фудбал: 8 екипи, 4 четврт финални натпревари, 2 полу финални натпревари и финален натпревар. Во секој тим по 6 играчи. Четврт финалните натпревари се играат 2х15 минути, додека полуфиналето и финалето ќе се играат 2х20 минути.
  2. Натпревари во кошарка: 8 екипи, 4 четврт финални натпревари, 2 полу финални натпревари и финален натпревар. Во секој тим по 3 играчи. Секој натпревар се игра до 21 даден кош.
  3. Натпревари во одбојка за мажи: 2 или 4 екипи по 3 натпреварувачи.
  4. Натпревари во одбојка за жени: 2 или 4 екипи по 3 натпреварувачи.
  5. Натпревари во пинг-понг: 16 учесници, 4 групи по 4 играчи. Најпрво се играат по 3 натпревари. Играчите што ќе завршат први во групата играат против играчите што ќе завршат втори во другата група. Потоа следуваат полуфинални натпревари, па финале. Сите натпревари се играат во 2 добиени сета по 16 поени.

На настанот е предвидено да присуствуваат повеќе од 200 посетители.

За сите посетители влезницата е 200 денари. За тие кои активно ќе учествуваат во еден од спортовите влезот ќе чини 500 денари. За таа сума сите посетители и учесници ќе добијат пиво, скара и други подароци.

Целта на овој настан е да се соберат средства со кои ќе се уплати едногодишна партиципација во спортскиот центар „Мондано“ за децата со Даунов синдром.

loading...