Шест работи во кои татковците се подобри родители

И мајките понекогаш би можеле да најучат нешто од татковците и да станат подобри родители отколку што веќе се.

0
400

Дали е вистина дека „мајките секогаш знаат најдобро“ или сепак постојат некои ситуации кога и мајките би можеле да научат нешто од татковците?

Ќе ви наброиме неколку ситуации во кои мајките би можеле да учат од татковците и да станат уште подобри родители!

Татковците се забавуваат со децата

Додека мајките истражуваат кои книги или ТВ емисии се соодветни на возраста на нивното дете, татковците се пофлексибилни, поопуштени и бираат активности со децата во кои и самките можат да уживаат, како играње со топка, трчање, брканица, составување или креирање на нешто.

Татковците не се заморуваат со модни детали

Додека мајките при облекувањето внимаваат и водат сметка за деталите, татковците се занимаваат главно со функционалната страна на облекувцањето, дали му е на детето доиволно топло и дали носи соодветни обувки. Тоа што бојата на чорапите не се сложува со бојата на чевлите или пантолоните, не е толку важно.

Полесно поставуваат правила и граници

Мајките пречесто се плашат да не се најдат во категоријата „строги мајки“, а татковците немаат проблем со изговарањето на волшебното „НЕ“. Ако не ги средиш играчките, нема цртани, тоа е реченицата која повеќето татковци ја изговараат без задршка.

Татковците полесно бараат помош

Мајките члесто мислат дека се „супер“ мајки и дека не им треба ничќиј совет или помош и дека се можат самите. Работите се поинакви со татковците. Ако не се сигурни како нешто да направат, тие многу лесно и без комплекси ќе побараат совет од другите.

Помалку се склони кон паника

Кога детето првпат ќе им падне и ќе се повреди, мајките инстинктивнпо се обидуваат да му помогнат на детето и да ја санираат повредата. Во такви ситуации татковците се често поприсебни па несвесно ги учат децата дека кога ќе се повредат или при други слични ситуации, не треба да реагираат претерано хистерично.

Не се оптоварени со перфекционизам

Без оглед на тоа за што точно станува збор – заспивање, бањање, хранење – мајките се загрижени дали го прават тоа на најдобар можен начин. Од друга страна пак, татковците се поподготвени да се соочат со поредизвикот без многу калкулации не водејќи сметка за перфекционизмот.

loading...