Што да правите ако бебето ви падне?

Такви работи се случуваат – не кревајте паника туку запомнете ги овие совети

0
1054

На многу мајки им се случило бебето да им падне, најчесто додека гo пресоблекуваат, додека се завртиле да ја земат новата пелена, тоа веќе се нашло долу. Обидете се да останете смирени и следете ги советите од стручњаците.

Бебето ќе почувствува ако сте загрижени и уште повеќе ќе се вознемири. Затоа бидете смирени, бакнете го и гушнете го затоа што тоа најмногу ќе го смири.
Ставете му на бебето ладна газа на чворгата. Замрзнат грашак завиткан во пешкир или ладен гел (ова можете да го купите во аптека), се исто така добра помош за заблажување на отокот. Држете го десетина минути или толку колку што бебето може да издржи.
Во случај многу да го боли, дајте му парацетамол или ибупрофен.
Набљудувајте го бебето следните 48 часа, дури и во текот на нмоќта. Нормално е да се чувствува малку лошо, да има вртоглавица и главоболка, но ако таа состојба потрае побарајте брза помош.

[better-ads type='banner' banner='999' ]