Што да правите кога бебето ќе добие осип од пелени?

Се случува бебињата понекогаш да добијат осип колку и да сте вие внимателни и колку често и да им ги менувате пелените...Еве како да им помогнете

0
935

Доколку вашето дете заради носењето на пелени има воспалено и црвено газе и е плачливо затоа што чувствува непријатност додека ги носи пелените, проучете ги следните чекори што треба да ги преземете за да го третирате осипот:

  1. Внимателно исчистете го и бидете многу нежни додека го отстранувате изметот од газето на бебето. Ставете топла вода и неколку капки бебешко масло во распрснувач и со него попрскајте го газето а потоа нежно избришете го. Ако употребувате влажни марамчиња користете ги оние што не содржат алкохол и мириси.
  2. Доколку газето на вашето бебе е премногу чувствително за да може да го избришете, употребете фен наместен на најладно. (Постојано проверувајте да не му дува жешко и држете го на најмалку 20 цм оддалечено од детската кожа.
  3. Оставете го бебето барем 10-15 минути без пелени за да и дадете на кожата да дише. Колку подолго е без пелени, толку подобро.
  4. Одберете ја вистинската маст, а тоа е онаа што содржи цинков оксид кој има благи антисептички својства и создава бариера помеѓу кожата на детето и влагата што ја надразнува.
  5. И бањањето ќе му ја олесни состојбата на вашето дете. Неколку пати на ден наполнете ја кадичката со неколку сантиметри топла вода. Не додавајте пена или нешто слично затоа што таквите производи може да содржат материи кои уште повеќе ќе ја раздразнат кожата на газето.

Напомена

Ако е осипот темноцрвен, со неправилни рабови и со точки околу нив, одете на педијатар кој ќе ви препише лек.

[better-ads type='banner' banner='999' ]