Што е „хеликоптер родителство“ и зошто не е добро за вашето дете

Хеликоптер родители се оние кои постојано бдеат над децата, секога се тука кога некаде ќе зачкрипи отстранувајќи ја секоја пречка пред која детето би можело да се најде. Тоа се мајки и татковци кои се контрол-фрикови.

0
413

Овој тип на родителство е сосема спротивен на слободното воспитување на децата што го применуваат родителите кои ги пуштаат децата слободно самите да се соочуваат со предизвиците и грешките.

Но дали слободното воспитување на децата подразбира мали дивјаци? И дали бдеењето над децата повеќе им штети отколку удреното колено или скршениот зглоб? Еве што треба да знаете за да воспитате разумно и психички стабилно дете а никој да не ве обвини сека сте „хеликоптер родител“.

Согледајте ги ризиците пред да се поставите премногу заштитнички

Дел од родителската работа е да научиме да ги прифатиме своите ограничувања во тоа секогаш да ги штитиме децата и да мораме секогаш да сме сигурни дека се успешни и среќни. Секој родител треба да го негува тој внатрешен нагон на децата за самостојна игра кој ќе им дозволи да ја развијат самодовербата. Секако дека постојат ризици и нив треба да ги надгледуваме и минимизираме. Но спречувањето на слободната игра или строгото контролирање на детските активности носат со себе повеќе ризици за нивното идно здравје, успех и среќа“.

Ако премногу правите за своето дете, вие сте на лош пат!

Стручњаците предупредуваат дека премногу надгледување на децата, завршување на работите за нив, очекувањето да ги водите сите битки на вашите деца, се рецепт за пропаст. Сите родители би требало да го знаат следното:

  • Запомнете: еден ден вашето дете ќе мора да знае да се снајде и без вас.
  • Децата се учат на снаодливост и самодоверба такашто се фаќаат во костец со проблемите – сами.
  • Постојат ситуации кои вашето дете може да ги совлада и без вас.
  • Помошта не е секогаш корисна. Понекогаш таа им ја скратува на децата можноста да најдат свој стил на решавање на проблемите.
  • Најцврстите дрвја растат на најсилните ветрови. Ако сте му олеснувале се на своето дете, тоа нема да може да се бори со тешкотиите.
  • Ретко или подобро, никогаш немојте да го правите за детето она што може да го направи само. Лесно е да продолжите да го храните и да го облекувате, но родителите кои ги охрабруваат децата да ги направат овие работи сами, прават најдобро за своите деца.

 Долгорочните последици од „хеликоптер родителството“ не се добри

Првата студија која е изработена со цел да се дефинира што е хеликоптер родителство како и кои се долгорочните последиците од него, утврдила дека децата над кои родителите постојано бдеат израснуваат во зависни, невротични и помалку отворени луѓе во споредба со децата кои родителите повеќе ги оставаат да се снаоѓаат самите.

Истражувачите во Државниот колеџ Кин во Њу Хемшир во САД, утврдиле дека студентите кои пораснале со премногу заштитнички пориентирани односно, со хеликоптер родители, се помалку отворени за нови идеи и акции, поранливи се, поанксиозни и со помалку самодоверба од децата кои имале малку „подистанцирани“ родители.

Правете помалку за децата и уживајте во плодовите подоцна

Истражувањата над децата родени помеѓу 1982. и 1999.година ги покажуваат мааните на премногу заштитнички усмерените родители кои ненамерно ги претвориле своите деца во личности кои лесно се откажуваат. Една од првите емпириски студии за генерациските разлики во деловните вредности која ја водела Џин Твенџ на Универзитетот Сан Диего, покажува дека оваа генерација сака добра плата и престижен деловен статус без вложување на многу работни часови.

Таа вели дека презаштитените деца кои не ги добиваат оценките што ги очекуваат на факултет или не успеваат доволно брзо на работа – се откажуваат.

„Се повеќе и повеќе ученици доаѓаат на факултет не знаејќи како да ги прават работите за себе. Родителите мислат дека им помагаат такашто ги прават работите наместо нив но всушност така ги прават помалку независни“, вели професорката Твенџ.

[better-ads type='banner' banner='999' ]