Што прави новороденчето во првите 70 минути од животот?

Шведските научници набљудувале 28 бебиња во првиот час по раѓањето и забележале што прават во првите моменти на овој свет

0
1778

Шведски научници набљудувале 28 бебиња час време после раѓањето и во текот на ова истражување утврдиле и забележале што е она што тие го прават во првите моменти по доаѓањето на овој свет. Истражувањето е спроведено уште во 2011 година, но резултатите се објавени дури неодамна на порталот Science News. Да ѕирнеме во тој прекрасен свет…

Прва минута: бебето испушта крик за да ги активира белите дробови.

Втора минута: после првиот плач бебето се опушта и лежи неподвижно на мајчините гради. Авторите на истражувањето претпоставуваат дека бебето мирува затоа што инстинктивно се притајува од евентуалните опасности.

Трета минута: Бебето првпат ги отвара очите и почнува да ги поместува главата и устата.

Осма минута: бебето станува активно и ги држи отворени очите цели пет минути. Почнува да станува гладно и ја врти главата кон мајчините гради.

Осумнаесета минута: бебето задремува.

Шеесет и втора минута: прво подојување – бебето голта помали количини колострум, мајчините гради се со тоа стимулирани и почнуваат да произведуваат млеко.

Седумдесета минута: бебето спие.

loading...