Што треба да направите за да одгледате дете што верува во себе?

Самодовербата е еден од најголемите подароци што родителот може да му ги даде на своето дете.

0
808

Карл Пикхардт, психолог и автор на 15 книги за родителство, вели дека детето кое нема самодоверба нема да биде во можност да проба нешто ново или да одговори не некој предизвик затоа што се плаши дека нема да успее или дека ќе ги разочара другите.

Ова може да ги држи и подоцна во животот и да ги спречи да имаат успешна кариера.

Непријатели на самодовербата се обесхрабрувањето и стравот, вели тој. Затоа, како родители ваша работа е да ги охрабрувате и да ги поддржувате вашите деца. Еве 17 совети како да одгледате самоуверено дете.

 

  1. Почитувајте го трудот без оглед дали ќе победат или ќе изгубат

Кога се расте, патувањето е поважно од дестинацијата.

Значи, без оглед на тоа дали ќе го даде победничкиот гол за својот тим, или ќе го промаши, аплаудирајте му на вашето детеза напорот, вели Пикхардт. Тие не треба никогаш да се чувствуваат засрамено заради обидот.

  1. Охрабрувајте ја праксата за градење на компетентност.

Охрабрувајте го вашето дете да практикува се за што ќе покаже интерес без да го притискате премногу.

  1. Дозволете самите да ги откријат проблемите

Ако секогаш ја завршувате напорната работа за вашето дете, тоа нема да може да развие способност самото да го реши проблемот.

  1. Дозволете им е да се однесуваат во согласност со својата возраст

Не очекувајте вашето дете да се однесува како возрасен. Ако тоа мисли дека единствено она што може да го направи исто толку добро како и неговите родители е доволно добро, тоа може да ги обесхрабри неговите напори.

  1. Охрабрувајте ја неговата љубопитност

Иако некогаш безбројните прашања на децата можат да бидат напорни, би требало да ги охрабрувате. Имено, поставувањето прашања е корисна вежба за детскиот развој.

  1. Поставувајте им нови предизвици

Покажете му на вашето дете дека можат да прават мали достигнувања за да дојдат до големо остварување.

  1. Избегнувајте го создавањето на покуси патеки или правењето на исклучоци за вашето дете.

Посебниот третман може да предизвика недостаток од самодоверба.

  1. Никогаш не го критикувајте неговите настапи

Ништо нема да го обесхрабри вашето дете повеќе од вашата критика на неговите напори. Давањето корисни информации и предлози е во ред, но никогаш не им велете дека направиле лоша работа.

  1. Третирајте ги грешките како градење на знаењето

Учењето од грешки ја гради самодовербата, но само доколку вие како родител ги третирате грешките како можност да научат и да пораснат. Немојте да бидете премногу заштитнички кон вашето дете, дозволете им да згрешат и да сфатат како следниот пат подобро да ја завршат работата.

  1. Отворете ја вратата за нови искуства

Изложувањето на децата на нови работи ќе ги научи дека без оглед колку им се чинат страшни и различни, тие можат да ги освојат.

  1. Научете ги на она што го знаете

Вие сте херој за вашето дете барем додека не дојде во тинејџерски години. Искористете ја таа моќ за да го научите како да размислува, да делува и да зборува. Бидете добар пример.

  1. Не им кажувајте кога сте загрижени за нив

Родителската грижа може да биде интерпретирана од детето како нема доверба во него и практично, родителската грижа ја урива самодовербата на децата.

  1. Пофалете ги кога се справуваат со незгоди

Животот не е фер. Тежок е и секое дете мора да го научи тоа во одреден момент. Важно е да го потсетите своето дете дека секој пат до успехот е полн со препреки.

  1. Понудете им ја својата помош и поддршка но не премногу

Давајќи му преголема помош. Можете да ја намалите способноста на детето само да се справува со работите.

  1. Поздравете ја нивната храброст да пробаат нешто ново.

Секогаш кога ќе сакаат да пробаат нешто ново пофалете ги за нивната храброст.

  1. Славете ја возбудата од учењето

Децата гледаат како нивните родители реагираат на работите. Значи, ако сте вие возбудени затоа што детето научило да плива или да зборува на нов јазик, тогаш и тие ќе бидат возбудени.

  1. Бидете авторитативни, но не премногу насилни или строги

Кога се родителите премногу строги или захтевни, ќе биде намалена самодовербата на децата. Зависноста од тоа постојано да им се кажува ќе ги спречи децата да постапуваат смело.

[better-ads type='banner' banner='999' ]