Што треба да знае секој нов татко?

Еве неколку информации што ќе ви помогнат да станете татко кој знае се.

0
838

Откако бебето ќе се роди, околностите некако ве туркаат на страна. Бабицата ве игнорира, семејството и роднините ве поттурнуваат од патот за да се пробијат до мајката и бебето, а што се однесува до советите од постарите и поискусните мажи…не сметајте многу на нив. Еве неколку информации што ќе ви помогнат да станете татко кој знае се.

Неколку зборови за сексот

После некое време романтиката се враќа во вашиот живот. Флертувањето, оставањето на симпатични пораки, прегратки и бакнежи се мали знаци на внимание и љубов кои на двајцата ќе ви помогнат во секојдневните обврски околу бебето. Она што ја одржува врската не е сексот туку љубовта, а малите ритуали и времето што ќе го одвоите за вас двајца ќе придонесат за квалитетот на заедничкиот живот.

Некои мажи се надеваат дека на ова поле ќе биде се непроменето по раѓањето на детето. Само еден помал број на мажи се подготвени да го прифатат фактот дека работите сепак делумно ќе се сменат. Бидете уверени дека сексот им е на жените веројатно последната работа што им паѓа на памет после породувањето и дека и кај мажите ситуацијата станува слична од неколку причини.

Фактор број 1 е заморот кој само се натрупува. Тука е и поинаквата атмосфера: новороденчето ќе ви го преврти светот наопаку и најголемиот дел од времето ќе поминува во прилагодување кон новиот ритам. Родителите често се толку преокупирани со бебето што забораваат еден на друг. Не заборавајте на сопругата и понатаму да и кажувате дека убаво изгледа, како и повеќето мајки аа ќе биде параноична околу промените на своето тело, и сетете  се дека и вие сте и подеднакво важни како и тоа мало суштество кое го узурпира вашето внимание.

Замор и напнатост

Во некој далечен универзум луѓето спијат цела ноќ и наутро остануваат во кревет. Веројатно некогаш и вие сте биле дел од нив. Но сега сте родител.

Фактот што наутро мора да станете за да одите на работа не е никаков изговор. Кога бебето плаче, тоа се слуша доволно гласно за да ги разбуди и двајцата родители. Бебињата плачат кога се гладни, кога им е премногу топло или ладно, кога треба да им се сменат пелените или едноставно им треба прегратка. Дури и ако имате среќа, голема е веројатноста дека ќе се шетате низ станот во четири наутро носејќи го во раце бебето кое плаче доволно гласно за да го разбуди целото соседство.

Слично како кај останатите аспекти од родителството, клучот е во трпението. Единствениот проблем е во тоа што е потребно извесно време за да ја совладате оваа вештина.

Ракувајте внимателно

Држете го бебето колку што можете почесто. Така бебето ќе се навикне на вас, а и вие на бебето. Како маж лесно може да се случи да се почувствувате бескорисни кога станува збор за новороденчето. Мајката го дои бебето и на тој начин остварува нераскинлива врска со него, а вие можете да направите тие двајца да се чувствуваат заштитени. Ако во некоја ситуација вие се чувствувате сигурни и тие ќе се чувствуваат така.

Прво излегување со бебето

Кога ббето ќе се роди можеби нема да ви биде лесно да ја изнесете од дома но брзо ќе се навикнете на заеднички прошетки. Ќе станете вешпти во избегнувањето на судирите со минувачите и носењето на количката во една а на бебето во другата рака додека се провлекувате помеѓу паркираните автомобили. Мора да се навикнете.

Колку чини љубовта?

Со менувањето на пелените неизбежно доаѓа и сметањето колку сето тоа менување чини. Трошоците секако ќе се зголемат. Во оваа ситуација родителите често размислуваат за наоѓање на нова или дополнителна работа за да ја олеснат состојбата. Сепак, кога носите вака важна одлука, земете предвид дека во тој случај ќе имате помалку време за вашето дете.

Тато знае најдобро

Кога ќе добиете дете обично сите ви велат дека сте тргнале на едно прекрасно патување. Во право си. Она што не ви кажуваат е дека тоа патување повремено ќе биде и напорно. Но со секој нов чекор напред расте и вашето искуство, па ќе дојдете до момент во кој ќе бидете сигурни дека само вие, како татко, знаете што е најдобро за вашето малечко.

[better-ads type='banner' banner='999' ]