Што засекогаш памтиме за своите родители?

Децата се сеќаваат на многу работи од детството, но има неколку врзани за родителите што ќе ги памтат засекогаш.

0
328

Децата памтат многу работи и она што го доживуваат во детството во голема мерка го обликува нивниот живот како возрасни и односот што ќе го имаат кон себеси и кон другите. Но овие пет работи за своите родители ќе ги памтат засекогаш.

Моментите кога заради родителите се чувствувале сигурни (но и несигурни)

Децата се многу чувствителни и додека се мали постојано имаат потреба да бидат заштитени. Вашите деца сигурно ќе памтат како сте го бркале чудовиштето од нивната соба и како сте ги тешеле после ноќните кошмари. Но ќе се сеќаваат и на моментите кога сте викале на нив, а не сте биле во право.

Моментите кога целосно сте им се посветиле

Велат дека кога детето постојано ве вика да си играте со него, значи дека добива премалку родителско внимание. Кога ќе оставите се, и садовите и облеката и мобилниот и ќе му се споветите на вашето дете, тоа ќе го почувствува тоа. Правете нешто заедно и тие моменти се нешто на што ќе се сеќаваат целиот живот.

Начинот на кој се однесувате со својот партнер

Најдобар начин да го научите детето што е љубов е да се однесувате кон партнерот со љубов и со почит. Начинот на кој постапувате со него ќе влијае во голема мерка на однесувањето на вашите деца во иднина, кога и самите ќе имаат свои животни сопатници. Вие му поставувате стандарди за тоа што е нормално, прифатливо и неприфатливо однесување.

Вашите зборови на поддршка, но и на критика

Детските психолози велат дека постојано велење „браво“ не им помага на децата, напротив, може да им наштети. Но не е добро ниту зборовите на потпора, поддршка и поттик да изостанат. Тоа се зборови кои ги поттикнуваат, ја јакнат нивната самодоверба и вербата дека можат да го остварат она што го сакаат.

Можеби вашата критика ќе им се вовлече подлабоко во меморијата. Тоа се зборови што болат и ако сте груби, тоа ќе влијае на нивниот однос кон вас и кон самите себе. Затоа, дури и ако имате критика, направете го тоа со зборови полни со љубов и охрабрување.

Вашите семејни традиции

Начинот на кој го славите Божиќ веројатно ќе биде начин на кој и вашето дете кога ќе порасне ќе продолжи да го слави. Низ семејните традиции тоа стекнува убави спомени кои ќе сака да ги повторува. Создадете свои традиции на славење на родендените, неделни излети, годишни одмори и слично и погрижете се тие да останат убави спомени.

loading...