Сите во еден кревет!

Семејство од шест члена, односно, родители и четири деца од 11, 9, 6 и 5 години одлучиле да спијат заедно во еден заеднички огромен кревет.

0
942

Ким и Рајан Констабл, се роидтели на четири деца. Освен што се големо семејство, овие родители се прилично неконвенционални во воапитувањето на своите деца, а секако, најинтересно од се тоа што 11-годишниот Кори, 9-годишниот Кај, 6-годишната Маја и 5-годишниот Џек спијат заедно со своите родители  во ист кревет.

Ова весело шесточлено семејство одлучило своите спални соби да ги претвори во една и згора на тоа, сите да спијат во еден ист кревет. Креветот е направен од еден обичен брачен кревет, еден поголем брачен кревет и еден детски кревет. Сите заедно прават еден огромен кревет од 5,5 метри.

„Пред да го направиме ова ја минував ноќта трчајќи од соба во соба и обисувајќи се да ги заспијам сите деца. Сега сум тука и ако имаат кошмар или сакаат чаша вода, јас ќе бидам тука за нив“, објаснува мајката.

Освен креветот, тука е необично и времето за спиење. Имено, Ким објаснила дека им дозволуваат на децата самите да одлучат кога ќе си легнат, но главно легнуваат сите заедно во периодот помеѓу 22 и 23 часот.

„Сите заедно миеме заби, облекуваме пиџами и заедно одиме на спиење и си читаме или раскажуваме нешто“.

Мајката обично легнува со помладите деца, додека 11-годишниот Кори понекогаш останува буден и подолго. Кога имале напорен ден се случува помладите деца да се подготвени за спиење уште во 20 часот. Во тој случај Ким само ги заспива, а потоа оди на спиење подоцна, заедно со сопругот.

„Кори е ноќна птица и е единствен кој понекогаш оди на спиење помеѓу полноќ и 3 часот наутро“, објаснуваат овие неконвенционални родители кои децата ги школуваат дома па заради тоа немаат некои договорени утрински активности и велат дека не ги присилуваат децата на ништо.

Носењето на оваа одлука, вели Ким, во потполност им го сменила животот. „Сите сме посреќни поради тоа. А децата се многу кратко само деца, и токму затоа треба да се искористи секој момент со нив“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]