Сите заблуди на младите родители

Бев ексерт за нега на папокот, грчеви, поставување седиште во автомобилот. Пред да се породам знаев апсолутно се. Всушност, праксата покажа дека ништо не знам.

0
1526

Во пресрет на доаѓањето на дете на свет голем број идни родители имаат голем број заблуди, поради што блогерката Сара Котрел, која вели дека пред се е мајка, навела колку заблуди имала по раѓањето на детето. Таа состави листа од најчести заблуди, за да им помогне на младите двојки побрзо и полесно да се снајдат во таа улога.

Мислите дека знаете се, бидејќи читате книги за родителство

Бев ексерт за нега на папокот, грчеви, поставување седиште во автомобилот. Пред да се породам знаев апсолутно се. Всушност, праксата покажа дека ништо не знам.

Сите ќе „трчаат“ за да ви помогнат

Вистината ќе излезе на виделина кога ќе добиете бебе. Кога го родив првото дете, почувствував неверојатен недостиг на внимание, интересирање и помош. Морав сама да се снаоѓам.

Мајчинството е лесно

Книгите ме уверија дека ќе биде едноставно, дека можам во едната рака да носам бебе и да го мешам ручекот, да читам.
Погодете што? Тоа се лаги. Се се промени, обврските се натрупуваа, а времето течеше.

Килограмите ќе исчезнат после породувањето

Сигурна сум дека кај некои жени постпородилниот вишок исчезнува благодарение на доењето, но јас не сум една од нив. Всушност, се здебелив десет килограми. Цело време бев гладна.

Социјалниот живот останува ист

Искрено не знам од каде ми е идејата дека бебето нема да влијае врз социјалниот живот. Во првата година од родителството, наместо да го напуштам кафулето во доцни часови, го средував станот и му пеев приспивни песни на моето нервозно бебе.

Фото: Shutterstock/www.novosti.rs

[better-ads type='banner' banner='999' ]