Славни мајки кои родиле после 40-тата

Времињата се менуваат. Додека порано се очекувало од жените да основаат семејства во нивните 20-ти години, а раѓањето после 39-тата било практично нешто нечуено, денеска прекрасните славни мајки кои родиле после 40-тата се жив доказ дека тоа повеќе не е така.

0
798

Денеска се повеќе жени се одлучуваат на прва бременост после 30-тата, а повеќе не е чудно ниту ако останат бремени после 40-тата. И затоа, следниот пат кога некој ќе почне да зборува за биолошкиот часовник и за напредната мајчинска возраст, замолчете го! Овие жени се вистински потсетник за тоа дека годините се сепак само бројка.

1

Џенет Џексон се уште не се породила, но се очекува тоа да се случи до крајот на годинава. Таа се соочи со својата прва бременост на возраст од 50 години.

2
Хали Бери го роди првото дете на 41 година, а второто, сосема неочекувано и природно, на 46 години.

3

Селма Хаек е уште една од славните мајки која првпат забременила после 40-тата година. Таа ја роди својата ќерка на 41 година.

4

Мараја Кери на 42 години роди близнаци и постојано ја апдејтуваше јавноста со текот на бременоста и фотографии

5

Беверли ДиАнџело за време на петгодишната врска со Ал Пачино, роди близнаци на возраст од 49 години, додека таткото во тоа време имаше 65.

6

Откако со поранешниот сопруг Том Круз посвоија две деца, Никол Кидман стана мајка во бракот со Кит Урбан, на 41 година. Втората ќерка, оваа брачна двојка ја доби од сурогат мајка.

7

Џина Дејвис имаше син на 46 години, а потоа и близнаци на 48. Иако и во текот на двете бремености доби многу килограми, не се плашеше на црвениот тепих да го покаже трудничкиот стомак.

8

Сузан Сарандон ја роди ќерка си на 38 години, но потоа роди и двајца синови, од кои, едниот на возраст од 43, а другиот на возраст од 46. Неодамна таа, на возраст од 67 години, стана баба.

ht_susan_sarandon_lb_141222_mn_4x3t_384

[better-ads type='banner' banner='999' ]