Совршена тактика како да излезете на крај со детскиот напад на бес на јавно место

Како да се реагира кога среде продавница или во преполн автобус вашето дете ќе направи сцена и ќе почне да вреска на цел глас? „Само почекај да дојдеме дома“, сопствен нервен слом како одговор на неговиот бес или, најмалку очекуваното – апсолутно необрнување на внимание на хистеричното дете?

0
144

Еве како од агол на случаен минувач изгледа една мајка која успева да ја држи ситуацијата под контрола.

Замислете си мајка која носи едно бебе во „кенгур“ носилка на градите, додека другата, малку поголема е во количката што ја турка пред себе, а за рака држи тригодишник во неконтролиран настап на бес.

Тригодишникот упорно се обидува да направи сцена, односно, по секоја цена инсистира на судир со својата мајка во кој таа одбива да учествува. Со одлучен чекор и сосема достоинствен израз на лицето, продолжува да го игнорира.

Трогодишникот упорно повторува: „Ти си лоша“. Дали би требало да одговорите: „Како мислиш, јас сум лоша? Ти си тој што е…“ или едноставно да се одмолчи.

Потоа детето обипчно пробува нешто друго, менува тактика. „Се смрзнувам, немам ни џебови на јакната. На ова е добро да се одговори: „Штета, Требаше да облечеш јакна со џебови“. Внимавајте, ова треба да се изговори без трага на сарказам во гласот, речиси рамнодушно.

На неутрален терен каков што се јавните места, возрасните едноставно не им се дораснати на децата. Тие се тука во огромна предност, од еноставна причина што се гласни. И додека изливот на детскиот бес дома уште и може да се контролира, на јавно место тоа е едноставно невозможно. Погледите на сите оние странци наоколу кои ја гледаат сцената, во тој момент се она што најмалку ни треба. Без оглед на нивната реакција, дури и без оглед на тоа дали ќе реагираат со сочувство или со доза на хумор, нивното присуство во тој момент за нас претставува само едно: потврда на нбашите најлоши сомнежи дека цело време сме грешеле во воспитувањето на детето. На крајот е сосема сеедно дали ќе го купиме тоа чоколадо поради кои почнала сцената.

Нашиот совет е: без оглед на сите, не реагирајте на провокациите! По никоја цена. Не дозволувајте без оглед на бројот на луѓе кои присуствуваат на сцената да бидете испровоцирани. Задржете ја контролата над ситуацијата и немајте обзири кон присутните. Бидете спокојни!

[better-ads type='banner' banner='999' ]