Ставете ги децата на „строг електронски пост“!

Постојано се прашувате дали тоа што вашето дете поминува долго време пред екранот влијае негативно врз мозокот на вашето дете...За жал, одговорот нема да ве израдува

0
285

Според мислењето на сите стручњаци синдромот на електронскиот екран предизвикува недостатак на сон, друштвена изолација, проблеми во однесувањето и хипердвижење на нервниот систем. Некои педијатри проценуваат дека 80 отсто од децата лечен од АДХД, депресија и промени на расположението воопшто ги немаат тие пореметувања.

Постои едноставен лек као што е, на пример, скратување на времето поминато пред екранот. Американската педијатриска академија препорачува помалку гледање во екран (моментално се тоа фантастични 7 часа дневно). Родителите и учителите забележале дека премногу гледање во екран ги прави децата напнати.

На децата им е постојано здодевно и постојано се „наелектризирани и уморни“. Но, што се случува всушност со мозокот на детето? Истражувањата покажале дека развојот на фронталниот дел се забавува како последица од времето поминато пред екранот. Тоа е дел од мозокот одговорен за вниманието, контрола на емоциите и способноста за емпатија.

Стоејќи пред екранот вашето дете се одвајува од вистинскиот живот! Еве како уште влијае екранот на вашето дете:

Екранот влијае врз развојот на мозокот

Детскиот мозок се зголемува со неверојатна брзина, само во првата година од животот нараснува 300 отсто. Ако го пуштите бебето да гледа на таблет како се тркала топка, тоа е дводимензионален процес, нема чувство за допир ниту други поттици. Ако го пуштите детето да си игра со вистинска топка, ќе доживее три димензии: ќе го почувствува движењето, ќе ја зграпчи, ќе ја допре па дури и ќе се обиде да ја изеде. Детето го запознава вистинскиот свет и тоа никогаш не може да се замени со ништо што се случува на екранот.

Екранот го одложува учењето на говорот

Најдобриот начин детето што попрво да проговори е да разговарате и да се дружите со него. Детето може да ги види изразите на вашето лице, насмевката, да ги слуша тоновите на вашиот глас, да експериментира со звуци и да го почувствува говорот на вашето тело. Сето тоа се клучни и комплексни процеси во учењето на говорот. Ниту еден екран, игра или видео не можат да ја заменат радоста на учењето во човечка интеракција.

Екранот го намалува бројот на научени зборови

Дали знаевте дека родителот користи околу 940 зборови на час додека му зборува на своето бебе? Погодете што се случува кога е запален телевизорот. Бројот на зборови паѓа на 770, а тоа доведува до тоа детето да учи се помалку зборови.

Екранот може да влијае на физичкото и менталното здравје на детето

Многу студии покажуваат дека седечкиот начин на живот е физички погубен за здравјето на детето или тинејџерот. Едно истражување покажува дека гледањето телевизија повеќе од два часа дневно води до послабо движење, пониска самодоверба и полош успех во училиште.

Што можеме да направиме?

Има многу фактори како што се домашната атмосфера, социоекономскиот статус и училиштето исто така можат негативно да влијаат на развојот на детето. Меѓутоа, непобитен факт е дека премногу седење пред екранот ги спречува нашите деца да се занимаваат со спорт, да читаат, да престојуваат надвор од домот, да разговораат па макар и да се караат со браќата и сестрите. Скратувањето на времето поминато пред екранот е решение кое нема да ве чини ништо. Стручњаците препорачуваат „строг електронски пост“ кој ќе трае неколку недели. Ќе почувствувате драматично подобрување во квалитетот на соното, расположението, концентрацијата и однесувањето.

loading...