Стручњаците потврдија: Одморот е еднакво важен како и учењето

Професорите и педагозите често времето одредено за одмор по часот го користат како дополнителни неколку минути за предавање или како казна за непристојно однесување на ученикот за време на часот.

0
221

Професорите и педагозите често времето одредено за одмор по часот го користат како дополнителни неколку минути за предавање или како казна за непристојно однесување на ученикот за време на часот. Меѓутоа, како што покажуваат последните истражувања, на тој начин негативно влијаат на нормалниот развој на децата.

Она што би требало константно да се апострофира е фактот дека училишниот одмор, како во основното, така и во средното училиште, е една од круцијалните работи во развојот на детето.

По спроведеното истражување, американската Академија за педијатрија дошла до заклучок дека малиот одмор, одморот од академските обврски, е битен во емоционалното, социјалното, физичкото и академското созревање на младите личности уште од основото училиште. 

Одморот кој детето го губи поради лошото однесување на часот, не помага во подобрувањето на неговото однесување. На децата токму одморот им е потребен и како „издувен вентил“ каде што ќе можат да го разбистрат умот и да се фокусираат на следниот час. Покрај тоа, многу е битна и комуникацијата со родителите во овој случај.

Задачата на родителите е да поставуваат граници и да превземаат „казнени мерки“ дома во случај детето да не се однесува онака како што доликува на правилата на училиштето.

Децата во модерното доба брзо растат, а како што е докажано, времето за игра и за дружење е важна ставка во нивното растење и созревање, но во денешно време тоа време е се помало. Затоа, битно е педагозите и родителите да сфатат дека одморот од учењето не е привилегија за добрите деца, тоа им припаѓа на сите и еднакво е важно како и математиката, читањето и историјата. 

Фото: www.detinjarije.com

loading...