Tридневно платено отсуство по спонтан абортус или мртвородено бебе

Нов Зеланд го донесе првиот закон во светот со кој ужалените парови се поштедуваат од користење на боледување по доживеан спонтан абортус или мртвородено бебе.

0
160

„Тагата што доаѓа со спонтаниот абортус не е болест, туку загуба и за таа загуба потребно е време за физичко и психичко закрепнување“, изјавила Џини Андерсен и додала дека отсуството се проширува и на партнерот на жената доколку таа претрпи спонтан абортус, како и луѓето што се обидувале да добијат дете преку сурогат-мајчинство.

Таа вели дека законот ја продолжува улогата на парламентот на Нов Зеланд во пионерството на правата на жените, особено во однос на правото за глас и еднаква плата.

„Иако можеби ќе бидеме првите, се надевам дека нема да бидеме последните и дека и другите земји ќе почнат да носат закони за сочувствителен и фер систем за отсуство што ги препознаваат болката и тагата што доаѓаат по спонтаниот абортус и раѓањето на мртво бебе“, рекла таа.

Законот се однесува на родителите, нивните партнери и родителите кои планираат да имаат дете преку посвојување и сурогат-мајчинство.

Фото: Unsplash

loading...