Татко предупредува: Внимавајте на опасностите во својот дом (ВИДЕО)

Откако му умрела ќеркичката, еден татко предупредува на опасноста која може да му се случи на секое дете и да го чини живот

0
5526

Во соработка со американската организација Child Accident Prevention Trust еден татко чија двегодишна ќеркичка Франческа починала како последица од еден мал момент на невнимание, снимил видео со кое ги предупредува родителите на опасноста која неговото дете го чинела живот.

Имено, неговата ќеркичка проголтала мала (копче) батерија, но не почнала да се гуши, па таткото не сфатил веднаш што се случува. Додека тој мирно седел покрај неа, батеријата во првиот контакт со слузницата во устата почнала да кородира и на крајот малечката умрела во маки откако течноста од батеријата буквално ѝ ги изгорела внатрешните органи.

„Ужасно ми е тешко да зборувам за тоа. Не можам да ви опишам колкава гриа на совест ,е јаде затоа што не забележав што се случува. Затоа сакам да ве предупредам не само на тоа каде ги оставате предметите во кои се наоѓаат тие мали батерии, туку и да знаете да ги препознаете нуспојавите ако некогаш тоа сепак ви се случи. За жал, јас не ги забележав на време, ниту пак знаев нешто за нив. Можеби ако знаев… Можеби за нас немаше да биде доцна“, раскажува Џорџ Децебал Асан не можејќи да ги задржи солзите во видеото.

Овој очаен татко сега се обидува заедно со оваа американска организација да ја подигне свеста за опасностите кои демнат во домовите.

„Мојата Франческа  ја проголта резервната батерија која се наоѓаше  во оригиналното пакување на нашите 3Д очила. А такви и слични предмети има во многу домови. Вакви батерии се наоѓаат во клучевите, во топломерите, во музичките честитки, буквално демнат од секој ќош, па затоа сите нив морате навистина да ги чувате далеку од дофатот на рацете на децата кои се се уште толку мали и несвесни за опасностите и се уште ставаат се живо во уста. Со други ситни работи, секој родител би го забележал гушењето, и можеби би можел да реагира на време, а вака, не сте ни свесни сека пред вашите очи се одвива нешто толку страшно што може да резултира и со смрт.

Но смртта нема да настапи веднаш – детето ќе ви дава знаци, па треба да знаете да ги препознаете. Ако детето некако тешко дише, ако почне нагло да плаче, ако се држи за болните гради или за стомак, ако наеднаш звучи засипнато, бара вода или тешко пие и голта, или батеријата веќе ја направила штетата па  детето добие пролив, има крвава столица, повраќање…. во тој случај никогаш не чекајте ниту момент. Побрзајте во брза помош и проверете дали вашето дете нешто проголтало или сте се исплашиле без потреба. Во секој случај, подобро е да се реагира брзо, отколку да се чека и да биде предоцна.

Ова особено важи во случај ако користите литиумски батерии кои кога ќе дојдат во контакт со слузницата во устата, настанува силна хемиска реакција која создава течност кква што инаку се користи за дезинфекија и одзатнување на одвови, која буквално ќе изгори се со што ќе дојде во допир и во рок од два часа мое да убие човек.

[better-ads type='banner' banner='999' ]