Трансродност кај децата (ВИДЕО)

Одделението за едукација во Нов Јужен Велс во Австралија во градинките од оваа година воведува програм кој ќе им помогне на трансродните деца да поминат низ менување на полот.

0
475

Трансродноста кај децата е појава која е прифатена во Америка и во Велика Британија. На некои родители не им било лесно додека пак други брзо се помириле со фактот дека нивниот син сака да биде девојче или обратно. Како што потврдуваат последните истражувања многу трансродни личности можат да утврдат уште во раното детство дека сакаат да бидат со друг пол, но истото го кријат во текот на животот. Овие студии иницирале многу луѓе во Америка и Велика Британија да најдат начин за да ги поддржат овие деца.

Британката Камила е најмлада меѓу трансродните деца. Таа има шест години, а нејзината мајка рекла дека уште кога имала 18 месеци и се уште била Себастијан, таа сфатила дека нејзиниот син е всушност девојче.

„Тој обожаваше да носи мои работи. Секогаш сакаше да прави нешта кои се карактеристични за девојче, а кога пред него ставивме автомобилче, го игнорираше и потрча да си игра со моите шминки“, раскажува мајката на Камила.

Нејзините родители зборуваат дека како момче Себастијан бил многу несреќен. Имал напади на нервоза како возрасен и тоа било многу вознемирувачки. Кога се туширал, ги криел своите интимни делови и плачел додека ги гледал. Околу петата година почнал со прашања од типот „дали може да биде девојче“.

Неговите родители разговарале со надлежните во училиштето и му овозможиле на Себастијан да стане Камила.

„Кога ќе го видите моето дете, тоа не е момче, не се однесува и не изгледа така. Тоа е Камила и не сакам да го принудувам на нешто што го прави несреќен“, изјавила неговата мајка.

Таа изјавила дека нивното дете е сега неверојатно вредно и дека е одличен ученик.

Дали за промена полот треба да се чека полнолетство?

Одделението за едукација во Нов Јужен Велс во Австралија во градинките од оваа година воведува програм кој ќе им помогне на трансродните деца да поминат низ менување на полот.

Додека некои психолози сметаат дека на оваа возраст децата се премногу млади за да можат да носат такви одлуки, други сметаат дека повеќето од нив минуваат низ вистинска голгота додека чекаат да наполнат 18 години што е возраст на која во многу земји е одлучено дека е период кога веќе смеат да донесат одлука за менување на полот. Така е на пример во соседна Србија, поточно, во Белград кој со децении е во светот познат како еден од најдобрите центри за промена на полот, па таму за оваа цел доаѓаат пациенти од целиот свет, а најмногу од Америка, Канада и Австралија. Самиот процес на промена на полот трае околу две години. Психијатрите работат со пациентот околу една година, а доколку се добие нивна согласност, се почнува со давање на хормони од спротивниот пол. Тогаш настануваат големи промени на телото и потоа пациентите одат на операција на гениталиите.

Во многу држави ширум светот на трансродните малолетници им се овозможува промена на полот и пред почетокот на пубертетот, односно, околу 12.година, започнуваат со хормонска терапија со која практично се спречува трансформацијата на телото која се случува на ова возраст со почетокот на пубертетот. Стручњаците тврдат дека со ова кај малолетните трансродни лица се спречува развојот на исклучително непријатни чувства на несклад помеѓу телото и сопственото доживување на припадност на спротивниот пол. Овие стручњаци сметаат дека уште во најрана возраст децата се свесни за тоа дека нивните чувства велат едно, а нивното тело покажува нешто друго и дека некоја личност која е на пример родена како машко, менува низ пекол затоа што е принудена да го минува периодот на машки пубертет и да живее со полов орган кој не го прифаќа. Исто како што и оние кои се родени како женско, а во текот на пубертетот добиваат видливи атрибути на женственост, не можат да се погледнат себеси ниту во огледало. Затоа овие стручњаци сметаат дека е подобро со процесот на трансформација да се почне порано и со терапија да се блокира погрешниот пубертет.

Трансексуализмот е болест, а не хир

Транссексуализмот е регистриран како болест во меѓународната класификација на болести исто како и крвниот притисок или шеќерната болест.

Не станува збор за никаков хир на тие луѓе и иако се уште има многу предрасуди, сепак ситуацијата значително се менува во однос на претходниот период.
После неправдите, понижувањата и губењето на самодовербата, за девојчињата кои се момчиња и обратно, сепак постои место под сонцето.

Збунети поради она што им се случува во телото, малолетниците имаат проблеми и со себе и со опкружувањето. Момчињата се самоповредуваат, дури и на тој начин што го ампутираат својот полов орган – затоа што трансродната личност мисли за себе и се чувствува на еден начин, а телото покажува нешто сосема спротивно на тоа.
Степенот на аверзија кон телесните полови карактеристики е некогаш толку силна што на таквите деца им станува неподносливо и затоа се самоповредуваат. Извори на фрустрација кај момчињата се продлабочувањето на гласот, влакнетоста, ерекцијата и растењето, додека кај девојчињата извор на фрустрации се растењето на градите, појавата на менструација. Затоа тогаш девојчињата си ги стегаат градите со ластици или со завои за да не им се гледаат, а момчињата се обидуваат да си го скријат пенисот. Ваквите деца не можат да си го прифатат сопственото тело па кога некој друг ги гледа за нив тоа претставува извор на екстремна нелагодност оа сето тоа на крајот може да доведе до обид за суицид или до самповредување.

Праксата покажала дека токму пубертетот е период кога трансродните малолетници најмногу страдаат, односно, моментот кога ќе отпочнат телесните промени.

Тогаш се прашуваат што им се случува, зошто се поинакви од останатите, зошто не сакаат да бидат во друштво на истополни деца, а истовремено и зошто ги привлекуваат истополните лица и сето тоа е проследено со страв од неприфаќање на средината и од отфрлање.

Светските студии во оваа област покажуваат висок процент на депресивност кај таквите лица кој достига и до 40 отсто, потоа можности за самоповредување и злоупотреба на псиактивни супстанци, но и можност од злоупотреба и малтретирање од страна на другите деца, а настануваат и проблеми во комуникацијата во рамките на семејството.

Токму ова му се случуваше на Филип Јаневски – Фифи, кој сакаше да се вика Барбара и беше првата трансродна личност во Македонија која јавно проговори за својата состојба.

За него, на ФДУ беше снимен и документарен филм.

loading...