Три причини зошто не треба да ги одвикнувате децата од пелени

Дали сте размислувале за сосема поинаков пристап кон одвикнувањето од пелени – целосно да го прескокнете?

0
2187

Oдвикнувањето од пелени е вистински кошмар за повеќето родители. Како да знаете дали е детето подготвено за ова? Дали ќе го истрауѕматиизрате детето ако почнете со ова порано, а тоа се уште не е спремно: Што ако носи пелени и на три години: Сето тоа се вообичаени прашања кои ги мачат родителите на двегодишните деца кога вообиаено се почнува со одвикнувањето од пелени.

На децата не им требаат возрасните за да ги учат да користат тоалетна шолја или нокшир. Она што им треба се родители кои ќе ги поддржат во процесот на учење како се користат тие и кои ќе го почитуваат процесот низ кој минува нивното дете, а кој е индивидуален за секое дете.

Еве три причини зошто на децата не им требаат возрасни за да ги учат да употребуваат ВЦ.

Непотребно е!

Одвикнувањето од пелени е еден сосема нормален и природен процес низ кој мора да помине асекое дете. Поуспешен е кога едноставно не го доживуваме  како нешто на што мора да го научиме детето, туку како нешто што детето ќе го научи само, со или без наша помош.

Децата сосема добро поминуваат низ овој процес сами, без наша помош.

Ризично е!

Детето од две години кое почнува со одвикнувањето од пелени, се наоѓа во фаза кога му е природно да дава отпор и да им се спротивставува на родителите. Кога на такво дете ќе му го наметнете одвикнувањето од пелени како нешто што вие го очекувате од него, детето ќе има природен нагон да ви се спротивстави, иако е веројатно подготвено за процесот на одвикнување од пелени.

Детето е подготвени за одвикнување од пелени кога ги задоволува овие три услови:

  1. Физички– постигната е контрола на мускулите за контролирање на нагонот.
  2. Когнитивен – детето е целосно свесно кога треба да изврши нужда и е сосема свесно што треба тогаш да прави.
  3. Емоционален – децата се подготвени да ја напуштат ситуацијата на која се навикнати (вршење на нуждата во пелени).

Емоционалната подготвеност најчесто доаѓа последна и е најважна ставка во процесот нив кој минува детето. За децата кои не ја постигнале таа емоционална спремност самата ситуација кога ги ставаме на нокшир или ги оставаме без пелена може да предизвика задржување на нагонот за нужда, но и одложување на одвикнувањето од пелени со месеци. Понекогаш и со години. Може да биде причина детето да се чувствува лошо и засрамено, а може да предизвика и хроничен запек.

Важно е родителите да забават со процесот на одвикнување од пелени и да се информираат за задржувањето на столицата кај децата што е главно предизвикано со прерано симнување на пелените во комбинација со лошата исхрана. Токму задржувањето на столицата е причина за повеќето незгоди како што се мокрење во сон, вршење нуда во гаќички и слично. Секое наше вмешување во природниот процес на нашите деца и форсирањето на нашата волја само затоа што мислиме дека е време, може да му нанесе на детето долгорочна штета.

Децата заслужуваат да го направат ова сами

Пописот на работи кои еден двогодишник може да ги направи сам не е баш долг. Одвикнувањето од пелените може да го направат сами и затоа нема причина да не им го дозволиме тоа. Нема подобар начин за јакнење на самодовербата од она „Можам сам“.

Одвикнувањето од пелени се случува сосема природно и лесно кога:

Че ги повикаме децата активно да учествуваат во бањањето, во менувањето на пелените и други активности кои вклучуваат грижа за себе. На пример, кога го пресоблекувате детето кажете му дека ќе го избришете и замилете го да ви помогне. Секако е важно да не испраќаме негативни пораки за одредени делови од телото.

Децата природно го прават она што и возрасните, постарите браќа и сестри.

Никогаш не го форсирајте ниту пак го убедувајте детето да користи нокшир. Дајте му генерални насоки за што служи нокширот, но избегнувајте ситуација кога детето ќе го одбие нокширот само затоа што вие го барате тоа од нив. Никако не дозволувајте да се натегате околу тоа. Детето не смее да почувствува стрес кој е поврзан со нокширот, со одвикнувањето од пелени и за со целокупниот процес низ кој минува.

Нокширот нека му биде достапен секогаш. Понудете му ги па смаото нека одлучи дали ќе ги користи.

Набљудувајте го.

Кога ќе забележите сигнали кои упатуваат на тоа дека детето би требало да користи нокшир, можете смирено да го прашате дали сака да седне, и исто така смирено и без форсирање прифатете го не како одговор.

Понудете му на детето избор дали сака да остане во пелена или сака да носи гаќички. Секако почитувајте го неговиот избор и не го форсирајте вадењето на пелените.

Верувајте во своите деца. Одвикнувањето не е нешто што се случува преку ноќ.

Наместо да го форсирате детето и да манипулирате со него наградувајќи го со награди за нешто што и инаку би научило самото, верувајте дека ќе го научи тоа сосема само кога ќе биде подготвено.

loading...