Три причини зошто се мрзливите мајки супер мајки

Децата на мрзливите мајки или оние кои се сметаат себеси за такви и поради тоа имаат грижа на совест, всушност прават добри работи за своите деца.

0
3190
Можеби мислите дека е ова шега, но не е! Мрзливите мајки се извонредни мајки, и нема причина да се срамите ако сте една од нив. Размислете малку за ова: многу големи прекретници во човековата историја се случиле токму благодарение на мрзеливоста.
На пример, лифтот сигурно не го измислил некој кој сакал да оди по скали, туку некој кој бил мрзелив. Автомобил? Па веројатно е слично и со него. Машина за пење алишта, машина за миење садови, ….се е тоа резултат на паметни но мрзливи луѓе кои само го барале полесниот пат. Затоа се супер и мрзливите мајки, затоа што нивните деца имаат многу бенефити од нивната мрзеливост.
Еве некои од нив:
Децата на мрзливите мајки се посамостојни.
Каква врска има тоа? На пример, ако мајката ја мрзи да го храни детето, му дозволува тоа да се нахрани самото. Потоа треба само да го преслече и да ја стави облеката во машината за перење. Тие деца побрзо научуваат и да си ги врзат патиките и чевлите, кога се жедни, самите одат да си земат вода и слично.
Децата на мрзливите мајки се поспретни.
Размислете малку. Ако сте трчале по нив додека биле мали, сигурно сте успевале да ги спречите да се завлекуваат, да се провлекуваат и да се качуваат насекаде. Мрзливата мајка која за тоа време само седела на клупата и гледала што се случува, веројатно не успеала во тоа. Резултат?
Детето е поспретно.
Децата на мрзливите мајки повеќе помагаат дома.
Децата на мрзливите мајки помагаат да се наполни машината за перење, да се соберат играчките, да се усиса и слично. И сето тоа затоа што ги мрзи самите да го прават ова. Можеби звучи лошо, но верувајте, тоа не е воопшто лошо кога станува збор за формирањето на детето.
Затоа, размислете на оваа тема следниот пат кога ќе се почувствувате виновни затоа што не сте направиле нешто или затоа што мислите дека сте биле мрзеливи.
 

loading...