Уште една детска смрт како предупредување: Сувото давење не е мит!

Секако дека никој не сака да размислува за тоа, особено сега во сезоната за одмори, но сувото давење сепак не е мит, тоа е вистинско, а иако не е баш толку често, некои информации сепак треба да се знаат.

0
1358

Таткото на детенце кое го изгубило животот после пливање во базен, но не веднаш, како последица од класично давење, туку една недела потоа затоа што родителите не знаеле да ги препознаат симптомите на тој тивок убиец, сега ги предупредува другите родители.

За каналот KHOU 11 таткото Франциско Делгадо прераскажал што ѝ претходело на смртта на неговиот четиригодишен син Френки.

„Пред една недела бевме на базен и се беше во ред. Како и секое дете Френки се глупираше во вода, и претпоставуваме дека се наголта малку вода, како што се случува често, но никој од нас не слутеше дека можел да вдише смртоносна количина на вода. Не се посомневавме ниту следниот ден кога почна да повраќа. Мислевме дека има обичен стомачен вирус, па не помисливме на ништо друго дури ни кога во следните денови не престануваше да повраќа и доби пролив. Но точно една недела потоа, Френки се разбуди, зеде воздух за последен пат и одненадеж самно така, си почина. Полетавме во брза помош, но докторите повече не можеа да го спасат и дури кога го прегледаа ни кажаа дека нашиот малечок починал од суво давење – во неговите бели дробови и околу срцето се собрала и премногу вода, што предизвикало колапс и на крајот и смрт.“

За сувото давање пишуваме не за да ви создадеме паника, туку да ве потсетиме на тој тивок убиец кој всушност може лесно да се спречи. Имено, симптомите на сувото давење (вода во белите дробови) најчесто не се покажуваат веднаш, па родителите, токму како и родителите на Френки, буквално забораваат дека повраќањето, отежнатото дишење, замор и малаксаност – би можеле да бидат симптоми токму за тоа.

Ако симптимите се препознаат на време, лекувањето е едноставно – лекарите во тој случај (после комплетен преглед) препишуваат диуретици кои му помагаат на организмот полесно да ја исфрли водата и со дополнителен кислород им помага што побргу да си дојдат на себе. А ако е потребно, детето останува во болница на посматрање уште извесно време.

Затоа, ако некогаш се посомневате дека вашето дете, дури и ако постојано сте биле до него, вдишало малку повеќе вода, и ако воочите некои од овие симптоми, не чекајте да поминатм туку одете во болница кадешто ќе можат да му ја дадат потребната помош.

loading...