Вашето дете не смее да седи во оваа положба

W позицијата на седење најчесто може да се види кога детето седи на подот, со тоа што неговите нозе во облик на буквата W .

0
1058

Ваквото седење е типично за деца на помала возраст додека си играат и е добро кога се гледа од перспектива на флексибилност, но долгорочно повторување на седењето во оваа позиција, може да остави потешки ортопедски компликации ако се случува во текот на годините кога е детето најмногу ви развој.

Педијатриската американска служба објаснила како во други седечки позиции, децата подобро развиваат контрола над своето тело и над ротацијата на телото – две вештини кои се потребни за натамошен равзој на моторичките способности и доминацијата на рацете. Во W позиција на седење, децата имаат поголема потпора на телото и таа позиција им оневозможува играње лево или десно, туку само пред себе заради што изостанува и развојот и контролата над ротацијата на телото па детето не научува да ја контролира тежината.

Долгорочни ортопедски компликации

  1. Ограничено движење на колковите

W седењето создава голем притисок на колковите и на колената оа тие со време се навикнуваат на тој притисок. Долгорочното седење во оваа позиција ќе го ограничи движењето на колковите и детето со време ќе има повеќе проблеми да седи со нозете пред себе.

  1. Затегнатост на мускулите

Затегнатоста најчесто може да се почувствува од едната страна на колковите, а детето ќе има проблеми во одржување на рамнотежата користејќи само една нога.

  1. Дислокација на колковите

Зачестеното седење во оваа позиција може да резултира со дислокација на колковите

Како да го одвикнете детето но и себеси од седење во W позиција?

Ова не е лесно, баш затоа што детето чувствува одредена сигурност и стабилност во оваа положба. Секојдневно треба да го потсетувате да седне во друга положба, нозете да бидат пред него раширени или не, или да клечат. Исто така може да седи и како на втората фотографијата. Иако ова одвикнување може да потрае, бидете трпеливи и истовремено научете го да седи со исправен грб.

loading...