Вазелин: Потенцијално ефтино решение за бебињата со егзема?

Судејќи по најновите истражувања може да се очекува едноставно и ефикасно решение за децата кои страдаат од егзем. Решението е нешто многу едноставно, ефтино и лесно достапно. Станува збор за најобичен вазелин.

0
1306

Егземот кај децата е прилично честа појава и го имаат и до 20% од децата, а нуспојавите можат да бидат различни и сериозни. Често родителите кои би направиле се за да му помогнат на своето дете, трошат поголема количина на пари.
Атопискиот дерматитис е најчест облик на егзема и често се јавува кај новороденчињата. Може да трае и цел живот, но и да исчезне со време, нема правило. Често се поврзува со алергија на полен, астма, останати видови на алергија, проблеми со спиењето и тежината.
Истражувањата и продажбата на разни препарати против истиот укажуваат на потрошувачка на големи суми пари за лекување не децата. Но решението е можеби во споменатиот и ефтин вазелин. Имено, научниците кои го спровеле истражувањето сугерираат хидратизација на новороденчињата со вазелин до период од шест месеци старост.
Дерматологот др. Стив Хју истакнува дека своите заклучоци ги темели врз истражување спроведено во 2014 година на 124 бебиња, кадешто родителите го намалиле ризикот од настанок на егзем, за половина, со редовна хидратизација на кожата на бебињата до шестиот месец од животот. Кожата ја хидратизирале барем 5 пати нделено со вазелин или дури и со обично (но не индустриско) сончогледово масло.
Хидратизацијата е клуч во третирањето на егземи
Со хидратизацијата на кожата се намалува проблемот на настанување на егзем, но главно кожата не се третира толку долго додека проблемот веќе не настане, значи, можниот проблем галвно не се спречува пред да настане. Со хидратизацијата на кожата кај новороденчињата се помага при обновување на надворешните слоеви од кожата кои би развиле егзем.
Но без оглед на тоа сознание, и натаму останува непознаница што всушностѕ предизвикува настанување на атописки дерматитис и зошто поединците кои го развиваат се склони да развијат алергии или астма.
Вазелинот како хидратизирачки крем во лекувањето препорачува американската Национална организација за егзем како и американското друштво на педијатри. Освен што длабински ја навлажнува кожата, не содржи дополнителни мириси или адитиви што се потенцијално штетни и би можеле да предизвикаат дополнителни иритации или алергии.
На секое новороденче не му е потребна дополнителна хидратизација
Пред било каква хидратизација на кожата секако е потребна консултација со педијатар. Истражувањето вклучувало и бебиња кои имале голем ризик од развој на атописки дерматитис, односно, еден од родителите или роднините веќе порано развил болест, па затоа кај сите тие бебиња веќе на почеток се препорачувала хидратизација на кожата иако се уште немале развиено симптоми.
За да се потврдат наодите од оваа студија е секако потребно да се спроведат дополнителни и подетални истражувања, но и овие резултати се секако охрабрувачки и позитивни затоа што решението за високо ризичните бебиња е на дофат од рака и достапно за сите родители.

[better-ads type='banner' banner='999' ]