Разиграни дечиња и насмеани родители можea да се видат викендов во Скопје Сити Мол на Саемот за деца и родители. Целодневната програма исполнета со многу натпревари, тимски игри, предизвици, магионичари, караоке, диско за деца и креативни работилници создаде весела атмосфера во просториите на трговскиот центар во која уживаа семејствата со своите најмили.

Повеќето продавници за детска облека, играчки и други производи нудea и попуст до 70% со многу изненадувања. Дел од нив се Sport Vision Kids, Extreme intimo, Просветно дело, Krsh, Carters, Baby blue, AMC, Wenice, Baby centar, Okaidi, Tea Colors.

Многу семејства кои приложија сметка со вредност над 1.500 денари, ја искористија можноста да добијат професионална семејна фотографија на која се облечени во костими, со соодветна шминка и фризура.

„Досегашното искуство ни покажа дека овој саем е вистинско освежување во време кога заради брзото темпо на живот честопати не стигнуваме да одвоиме време за нашите најмили. Прекрасно е да се видат толку насмеани семејства заедно вклучени во најразлични активности“ – изјави Дарко Панчевски од Скопје Сити Мол.