Време за спиење

Понекогаш дури и кога вашето дете имало исполнет и активен ден, се чини дека нема желба да си легне и да заспие. Децата на оваа возраст (помеѓу 7 и 14 години) не можат да заспијат од повеќе причини.

0
359
Bedtime for a displeased kid

Ако и покрај тоа што вашето дете имало активен ден и е уморно, а сепак не може да заспие, можно е да е така од неколку причини. Децата на возраст помеѓу 7 и 14 години најчесто знаат да бидат возбудени од импресиите на денот што изминал, или пак сакаат да поминат повеќе време со вас наместо да лежат во темна соба со мечето до себе. Но не попуштајте! На вашето дете му е потребен сон и доколку му дозволите да остане до подоцна неколку вечери по ред, таквата навика може да се вкорени.
Придржувањето до редовни навики пред легнувањето ќе го ублажи немирот на вашето дете. Миењето заби, туширањето, облекувањето на пижами и читањето му помагаат да ја преброди транзицијата од денот во ноќта.

Зборот кој треба да исчезне од вашиот речник е: „Побрзај!“ Многу родители постојано го користат овој израз проследено со манифестации на нетрпение. На овој начин само ќе направите детето да се чувствува виновно зато што ве лути и ве нервира. Наместо тоа, побарајте посмирени начини за да го забрзате, наместо да му викате дека требало да го исклучи телевизорот уште пред пет минути. Едноставно, исклучете го вие!

loading...