За детските напади на бес, пребирливоста и неспиењето виновни се родителите

Нападите на бес, пребирливоста за храна и неспиењето кај малите деца се последица од чувството за слаба контрола над сопствениот живот на нивните родители.

0
1641

Родителството носи со себе стресни ситуации, како што се детските напади на бес, одбивање на храна или спиење. Меѓутоа, дали се ова проблеми кои потекнуваат од самите деца или проблематичното детско однесување всушност им корени во начинот на кој родителите се соочуваат со животните проблеми?
Новата студија печатена во списанието „Граници на психологијата“ покажува дека ставот на родителиуте кон животот влијае на однесувањето на нивните деца. Имено, колку се родителите посклони да мислат дека не можат да влијаат на работите што им се случуваат, толку нивните деца ќе се однесуваат полошо во првите пет години од животот.
За потребите на студијата научниците анализирале податоци за 10.000 претшколски деца. Професорката Џин Гудинг од Бристолскиот универзитет испратила прашалници за илјадници трудници за да собере информации за нивните личности и животни ставови. Потоа истите жени давале податоци за однесувањето на своите деца до возраст од 57 месеци.
Мајките кои ѝ припаѓале на групата без чувство за контрола над сопствениот живиот помалку посетувале курсеви за родителство, поретко доеле, а нивните деца доцнеле со вакцинациите. Истовремено, научниците ги анализирале и личностите на татковците, и откриле дека е еднакво важен и нивниот став кон животот. Без оглед на тоа кој родител страдал од недоволна контрола над животот, децата од ваквите семејства имале повеќе проблеми со однесувањето, исхраната и спиењето.
Заклучот на студијата е дека освен подучување на родителите на технички работи во врска со доаѓањето на бебето, стручњаците мораат повеќе да поработат на развивањето на самодовербата кај идните мајки и татковци, во поглед на нивната моќ да влијаат на работите што им се случуваат. Родителите мора да бидат свесни дека и тоа како можат да ги сменат лошите работи во својот живот, помеѓу другото и однесувањето на своите деца.
Следен чекор на научниците е да испитаат колку животниот став на родителите се одразува на децата во подоцнежната возраст, како и на нивниот академски успех. Резултатите од натамошните истражувања, се надеваат стручњаците, ќе помогнат во рамките на образовниот систем кај децата повеќе да се поттикнува развивањето на чувството за внатрешна контрола над сопствениот живот за да се станат поотпорни на физиолошки стрес.

loading...