„За“ и „против“ овие 8 методи за поттикнување на природното породување

Дали овие методи делуваат и колку е всушност сето тоа безбедно?

0
1655

Сигурно сте слушнале барем три 100% проверени начини како да ги забрзате трудовите. Можеби веќе сте го поминале терминот па почнавте да се распрашувате и да пребарувате по интернет и наидовте на се и сешто. Но дали можете да верувате на сите тие совети, методи и рецепти? И колку се тие воопшто безбедни? Особено ако сте налетале на некои бизарни методи како прејадување со салата, уживање во премногу лута храна, пиење рицинусово масло, секс, топла бања, вежбање и истегнување. За да ги разоткриете митовите и да откриете што навистина помага за индуцирање на трудовите – ви го пренесуваме малото истражување кое на својот блог во рамките на страницата на клиниката Мајо го објавила долгогодишната бабица Џули Лампа.

Вежбање 

Не постои ниту еден доказ дека вежбањето ги поттикнува трудовите. Вежбањето е добро во текот и при крајот на бременоста затоа што може да ви го олесни породувањето, и воопшто, да ви даде подобра кондиција но нема да го забрза.

Ризици – Доколку се вежба преинтензивно, постојат и потенцијални ризици.

Секс

За приказната за семето богато со хормони простангландини кои можат да ги поттикнат трудовите има две различни страни. Постојат истражувања кои го потврдуваат тоа и оние кои не го потврдуваат, меѓутоа, фактот дека сексуалниот однос може да ги поттикне контракциите на матката, а оргазмот уште повеќе, е проверена и делотворна.

Ризици – со оглед на тоа што сексот не се препорачува на оние со ризилчна бременост, за периодот пред породувањето секако би требало да се консултирате со лекарот. Но доколку немате никакви пречки за нормален однос, нема ниту ризик од оваа метода.

Акупунктура

И оваа метода покажала повеќе позитивни отколку негативни одговори па може да се смера за една од делотворните. Ризиците не се познати иако би било пожелно прво да се посоветувате со лекар.

Рицинусово масло

За овој мит се шират приказни веќе со столетија. Некогаш се сметало дека рицинусовото масло ја поттикнува работата на цревата и желудникот, што дефинитивно ќе го направи, но денеска сепак се верува дека иритацијата на желудникот нема да ги поттикне контракциите, но веројатно ќе ја зголеми непријатноста во вашиот систем за варење. Во секој случај, непотребна и ризична активност која нема да ви помогне.

Лута храна

Токму како и рицинусовото масло, и овој метод непотребно ќе ви го иритира системот за варење, а ќе ви создадат и дополнителни проблеми ако имате хемороиди.

Чај од лисја од малини

Не постојат цврсти докази дека чајот од лисја од малини може да ги поттикне контракциите. Но постојат ризици – од разни мешавини од чаеви па би било најдобро сите тие методи едноставно да ги игнорирате затоа што секако нема да делуваат за вашата цел.

Јога и истегнување

Исто како и со вежбањето, во бременоста се препорачуваат полесни вежби на јога и истегнување но тие нема чудесно брзо да ви ги поттикнат контракциите. Ќе ви помогнат да се подготвите за породувањето, но тоа е се.

Ризиците се исто така можни, како и кај вежбањето, затоа што интензвиното вежбање го замара телото, а да не зборуваме за потенцијалните повреди.


Стимулација на брадавиците

Логиката би можела да каже дека со стимулација на брадавиците ќе ги поттикнете трудовите, затоа што е општо познато дека при доењето после породувањето матката се стиска и се грчи, но не се обидувајте. О да, овој метод делува, но носи и доста ризици затоа што со претерана стимулација би можеле да се поттикнат посилни контракции кои би можеле да му наштетат на бебето и на природниот тек на вашето породување.

Затоа, бидете трпеливи, особено вие кои токму овие денови се мачите со уште еден ден повеќе ш бидете трпелици затоа што во однос на целата бременост, што значат уште неколку дена повеќе?.

loading...