Загадувањето на воздухот е поштетно за децата во автомобил, отколку надвор

Одењето или возењето велосипед до училиште е подобро за здравјето на децата затоа што автомобилите се „кутии за собирање на отровни гасови“, предупредуваат научниците.

0
273

Иако во Велика Британија пушењето во автомобилите во кои се возат децата е забрането, тие се уште вдишуваат токсични гасови седејќи на задните седишта.

Имено, децата се изложени на ризик од опасни нивоа на загадувањето на воздухот во автомобилите поради изложеноста на токсини кои се често многу повисоки во возилата отколку надвор од нив, предупредува поранешниот главен владин научен советник.

Професор Дејвид Кинг, пишувајќи за „Гардијан“ вели дека пешачењето или возењето велосипед до училиште е многу подобро за здравјето на децата. Предупредувањето доаѓа откако владата на Велика Британија се соочува со трет правен пораз поради неуспехот да се справи со нелегалното ниво на загаденост на воздухот. Познато е дека загадувањето на воздухот го оштетува развојот на белите дробови на децата, но најновите истражувања, исто така, укажуваат дека тоа ѝ штети на способноста на децата за учење, и може да ја оштети нивната ДНК. „Седејќи на задните седишта во автомобилите децата се изложени на опасни нивоа на загаденост на воздухот“, вели Кинг.

„Вие можеби возите чисто возило но вашите деца седат во кутија за собирање на токсични гасови од сите воззила околу вас“.

Тој вели дека новиот закон за забрана на пушењето во автомобилите со деца доби широка поддршка. „Па зошто ние се уште сме среќни што нашите деца ги дишат токсичните емисии во задниот дел од нашите автомобили?“

„Најдобро за нашето здравје е да ги оставиме автомобилите зад нас“, вели Кинг, кој е сега советник на Британската Фондација за бели дробови. „Се покажало дека здравствените придобивки од одењето и возењето велосипед далеку ги надминуваат трошоците од дишењето загаден воздух. Ако повеќе возачи ја знаат штетата што може да им ја направат на своите деца, мислам дека ќе размислат двапати дали да земат автомобил.“

Цела серија од експерименти, некои направени уште во 2001 година, покажаа дека возачите во возилата се изложени на многу повисоко ниво на загадување на воздухот од оние кои пешачат или возат велосипед по истите урбани патишта.

[better-ads type='banner' banner='999' ]