Знаете ли што е фиџет спинер? (ВИДЕО)

Ова е релативно нова играчка, но некои мајки, како на пример, скопјанката Тијана Хајдари веќе ги видоа бенефитите...нејзиниот 15.годишен син откако ја фатил в рака, конечно престанал да грицка нокти

0
2224

Сигурно досега имавте можност или да видите или да слушнете за новата заразна играчка помеѓу младите – фиџет спинер. Станува збор за играчка со која всушност не се игра туку се вртка низ рацете и е одлична за оние со „нервозни прсти“ кои имаат потреба постојано нешто да прават со нив.

Оваа играчка брзо ги освои срцата на децата, но и на возрасните па е навистина одличен начин за справување со анксиозноста и со нарушувањата во вниманието кај децата, што се уште не е потврдено од експертите, но затоа пак, за ова сведочат искусните мајки.

-Моето дете со помош на фиџет спинер конечно престана да ги гризе ноктите. Прво за играчката дозна помалиот син Адам, му ја купивме, а брат му, Давуд, кој има 15 години му се смееше затоа што сметаше дека е играчка за мали деца. Но вчера ме викна и ми рече: „Мамо, ај купи ми ти и мене еден фиџет спинер затоа што ја земав од Адам и веќе два дена не гризам нокти“. Инаку,  Давуд со години наназад ги гризеше ноктите. Сега самиот си го најде лекот. Адам пак веќе наголемо жонглира такашто ја фрла во воздух па ја дочекува на прстот, што и не е толку едноставно. Како и да е, нам ни врши работа. А мојот сопруг се шегува дека играчкава е добра и против пушење оти, доколку имало такви кога тој бил помлад и го имал истиот проблем со гризење нокти како и Давуд, веројатно немало да почне да пуши. Самото име си кажува дека е наменета за оние кои постојано имаат потреба да врткаат нешто низ раце, односно, за оние со „нервозни прсти“ – вели скопјанката Тијана Хајдари која е професор по англиски јазик.

Оваа играчка претставува мала направа која ја собира и во рака, а составена е од два дела, еден централен и еден кој се врти со помош на палецот или малиот прст.

Ги има во разни бои, направени се од разни материјали…

[better-ads type='banner' banner='999' ]