Зошто не треба да ги „учиме“ бебињата да одат?

Иако тоа го прават повеќе луѓе, стручњаците не препорачуваат да ги „учиме“ децата да проодат држејќи ги за раце. Според нив, секое „учење“ на моторичките активности е попречување на нормалниот развој на моториката на децата

0
882

Првата година од животот е најбурна за физичкиот развој на детето. Првото свртување, првото самостојно седење, ползење, подигање на ноџињата и на крајот, одење. Иако многу деца самостојно проодуваат после првиот односно, околу првиот роденден, самите подготовки за овој чин почнуваат многу порано – со првото кревање на нозе и првите чекори со придржување за мебелот или разни предмети.

Веќе со првото кревање и вродениот рефлекс на детето за потпирање на прстињата на нозете на цврста подлога, голем број родители одлучуваат дека е „време“ за одење со придржување. Под тоа се подразбира една голема грешка која ја прават голем број луѓе, а тоа е детето да се „учи“ да оди. Имено, децата не е потребно да се „учат“ да одат, затоа што тоа ќе го научат самите тогаш кога физички и психички ќе созреат за оваа активност.

Придржувањето на децата за раце додека ги „учиме“ да одат е голема грешка кога ја прават речиси сите луѓе. Секако, со најдобри намери затоа што смеаат дека е тоа единствен и вистински начин детето да прооди. Но главно се случува спротивното и така се забавува детскиот развој и системот за рамнотежа. А со ова на детето со невербална комуникација му се дава на знаење дека не е способно само да се крене на нозе и да ги направи првите чекори – без ничија помош. Значи, детето треба да се пушто самостојно да застане на нозе и да почне да оди кога ќе биде подготвено за тоа.

Сите моторички функции што детето спонтано ги усвојува зависат од зрелоста на централниот нервен систем, значи, кога е детето моторички зрело да усвои одредена активност тогаш и ќе ја изврши. Секое „учење“ на моторичките активности е попречување на нормалниот развој на моториката, а освен тоа, на детето му се ускратуваат важни фази во развојот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]