Биполарното растројство кај децата не е исто како кај возрасните. Еве ги симптомите

Биполарното пореметување кај децата и тинејџерите е значително различно од она кај возрасните. Според Клиниката во Кливленд, возрасните со биполарно растројство често имаат поочигледни епизоди на манија или депресија кои траат една недела или подолго. Кај децата и тинејџерите, овие фази може да бидат посуптилни, а промените од една епизода во друга може да се случат побрзо. На пример, детето може да покаже периоди на неизмерна среќа, изливи на гнев и неиспровоцирано плачење во еден ден, објаснуваат психолозите.
Биполарното растројство се разликува од типичните промени во расположението и подемите и падовите низ кои поминува секое дете. Промените на расположението кај биполарното растројство се поекстремни, често неиспровоцирани и вклучуваат:

промени во обрасците на спиење
промени во нивото на енергија
проблеми со концентрацијата и способноста за јасно размислување.

Исто така, симптомите на биполарно растројство може да му го отежнат на детето успехот на училиште или согласувањето со пријателите и со членовите на семејството.

Некои деца и тинејџери со биполарно растројство може да се обидат да си наштетат или да се обидат да извршат самоубиство, поради што е важно симптомите да се препознаат навреме.

биполарно нарушувањедецатинејџери