Британци земаат исплати од илјадници фунти за да се претставуваат како татковци на децата на жените мигранти, покажа истрагата на Би-Би-Си. Ним им се нудат до 10.000 фунти за да ги додадат нивните имиња во изводите на родените – што ќе му овозможи на детето да добие државјанство во Велика Британија, а на мајката ѝ дава право да остане во земјата.
Британците кои нудат такви услуги се рекламираат на Фејсбук, тврдејќи дека им помагаат на илјадници жени. Но, Мета тврди дека внатрешните правила го забрануваат овој вид рекламирање. Адвокатката специјализирана за имиграциско право, Ана Гонзалес истакна дека измамите за татковство се „неверојатно добро развиени“.
Би-би-си наведува дека не може да го процени обемот на измамата, имајќи предвид дека Министерството за внатрешни работи не може да обезбеди податоци за бројот на случаи кои се во фаза на истрага.