Анксиозноста кај децата може да биде предизвик за родителите, кои понекогаш не знаат како да обезбедат соодветна поддршка. Сепак, преку нежни и поддржувачки зборови и реченици, родителите можат да изразат разбирање, сигурност и љубов и да им дадат на децата чувство дека не се сами и дека сѐ ќе биде во ред.
Детскиот психолог и едукаторка за родители Џејми Блох открила четири едноставни фрази кои можат да помогнат да се смират вознемирените деца.
Фразите се следните:
Гледам дека нешто во врска со ова те мачи. Те разбирам. Земи си време. Наскоро ќе проверам дали се чувствуваш подобро и дали си подготвен да се обидеш повторно да разговараш.
Ми се чини дека си загрижен, можеш ли да ми кажеш нешто повеќе околу тоа што те мачи?
Знам колку е тешко ова за тебе во моментов. Јас сум тука. Не одам никаде и ти си безбеден. Те сакам.
Понекогаш кога се грижам, го чувствувам тоа во стомакот, а понекогаш го чувствувам во градите. Каде ја чувствуваш ти твојата загриженост/анксиозност?
Кога нашите деца се вознемирени, загрижени, засрамени, исплашени или срамежливи, им треба родител или старател кој ќе им се обрати со зборови без срам и без осуда. Треба да бидеме тука за нив дури и кога не ги разбираме нивните грижи – истакнала Блох.