Дали фрлате петарди или мислите на децата со аутизам?

Низ Србија никнуваат плакати за да се сврти вниманието на јавноста кон лицата со аутизам на кои петардите им предизвикуваат сериозни трауми. Ние на оваа тема пишувавме и минатата година објаснувајќи го влијанието на петардите врз лицата со аутизам, преку примерот на малиот Лука

Слушнете за проблемите на децата со аутизам и пречки во развојот за време на новогодишните празници.
Слоганите „Не фрлајте петарди“ и „Уживајте во празнувањето на празниците, но оставете ме и јас да уживам“ се напишани на постерите што деновиве се лепат низ градовите во Србија, со цел да се привлече вниманието на јавноста за проблемите. на децата со аутизам и пречки во развојот.за време на новогодишните празници.

Секој што сака да придонесе за оваа мала заедница ќе може да направи постери и да ги залепи во своето соседство или локал.

На плакатите има дете покрај кое со големи букви пишува „Не фрлај петарди“! Тука има и уште една порака која гласи: „Немој намерно да влијаеш на мојот страв“.

Сезоната на петарди веќе започнува и како и многу пати претходно се зборува за тоа колку стрес им носи пукањето на домашните миленици и на малите деца, а особено на оние со аутизам.

Пред неколку години на интернет осамна снимка на девојче со аутизам и нејзината реакција на пукањето која ги кршеше срцата.

„Вака повеќето деца со аутизам реагираат на пукањето на петардите. Заради вашето задоволство од 3 секунди. Дали вреди? Дали сте среќни? Дали имате некоја уште посилна? Ставете го прстот на челото и замислете дека ова е некој ваш. Вашата сестра, ќерка, вашата сакана… НЕ ФРЛАЈТЕ ПЕТАРДИ!“, порачала една корисничка на Фејсбук покрај видеото на кое една мајка неколку минути се обидува да го смири своето дете неколку минути после пукањето на петарда.

Ние на оваа тема пишувавме и минатата година објаснувајќи го влијанието на петардите врз лицата со аутизам, преку примерот на малиот Лука.

Овој празничен период нему и на другите лица со аутизам им носи дополнителни трауми бидејќи како последица од пукањето на петардите, тие целосно се вознемируваат, а оваа состојба знае да трае со часови.

Најтешкото за еден родител на патот наречен аутистичен спектар на нарушување се тантрумите кои се дел од патувањето на непозната дестинација.

„Имаат ненајавен почеток и крај кој не ветува брза завршница. Чинам дури и најкраткиот трае цела вечност. Како доаѓаат неповикани? Често се знае мотивот, но дури и тогаш сме немоќни пред моќното. Имам чувство како тој се бори со себе, сите во домот се бориме секој на свој начин со молчење, гушкање и ветување дека и ова ќе помине. Тантрумите (нападите на бес ), во случајот на Лука се последица од одредени звучни фреквенции: сирени, аларми, лаење на куче, кукурикање на петел, дожд, детски говор, плач, и во последно време, петардите, знаат да го поместат и така несигурното тло“, ни кажа тогаш неговата мајка Ирена.

Таа апелираше до сите љубители на пироманијата: „Вашето задоволство за некого е нарушено парче мир. Вашето задоволство од звукот на петардата е страв во едни мали детски очи кои заспиваат доцна во ноќта со страв и исчекување на наредниот непосакуван застрашувачки звук. Вредно ли е? Постојат безброј други начини во мир да празнуваме. Колективната грижа е благосостојба за себе и за другите. Кога би биле свесни за ова, би живееле живот на едно повисоко и цивилизирано ниво“, порача оваа мајка.

аутизампетардитантруми