Некои луѓе се претставуваат како поинтелигентни отколку што се. За причините нема да зборуваме, но факт е дека ги има. Некои ќе користат големи и важни зборови или ќе се фалат со својата работа или квалификации… И некои деца сакаат да глумат дека се нешто што не се. Но, иако можеме да лажираме некои работи, интелигенцијата е една од оние работи што не можеме да ги лажираме – барем не долгорочно.
Постојат знаци на интелигенција кои ќе ви помогнат да ги разликувате оние кои се навистина интелигентни и оние кои се обидуваат да бидат. Некои од овие знаци можете да ги воочите дури и кај децата. Еве 8 знаци на интелигенција кои не можеме да ги лажираме.
- Бескрајна љубопитност
Интелигентните луѓе имаат ненаситен апетит за учење, разбирање и откривање. И тоа не е ограничено на една или две омилени теми, туку љубопитноста важи речиси за сѐ и цело време. Истражувањата покажуваат дека љубопитните луѓе обично се поинтелигентни и имаат повисок коефициент на интелигенција. Едно истражување кое се фокусирало на деца на возраст меѓу три и единаесет години покажало дека пољубопитните деца имаат поголем коефициент на интелигенција од нивните помалку љубопитни врсници. - Поедноставување на комплицираното
Еден од најголемите показатели за вистинска интелигенција е кога можеме да направиме од нешто сложено, едноставно. Луѓето кои се обидуваат да се претстават како поинтелигентни отколку што се често паѓаат во оваа замка. Знаете кога мислат дека ќе звучат попаметно ако ги комплицираат работите… Во реалноста, важи спротивното. Секој може да повтори сложено објаснување за нешто, но да се разложи и објасни на едноставен начин, бара подлабоко разбирање и интелигентни луѓе можат да го направат тоа. - Смисла за хумор
Оние кои ги сметаме за најдобри комичари не кажуваат само смешни шеги, нели? Тие се остроумни, имаат чувство за добар тајминг и нивниот хумор е интелигентен, а сето тоа го користат за да ја пренесат својата порака и да ги забавуваат луѓето. Ако вашето дете е сакано во општеството поради неговата духовитост и брзите и мудри одговори, ова е знак дека е интелигентно. - Брзо учење
Интелигентните луѓе не се оптоваруваат со испробување нови работи, а имаат способност брзо да разберат. Без разлика дали се работи за нова работа, нов спорт, нов материјал или нешто сосема друго, на интелигентниот човек треба само еднаш да му се покаже нешто за да може сам да го направи тоа. - Самосвест
Кога размислуваме за интелигенција, обично веднаш помислуваме на коефициентот на интелигенција. Ова е традиционалниот поглед на интелигенцијата. Но, постојат и други видови на интелигенција, а еден од нив е емоционалната интелигенција. Самосвеста е белег на емоционалната интелигенција и еден од знаците на интелигенција што не може да се лажира. Ова значи дека знаете кои сте и ги разбирате сопствените верувања, мисли и вредности. Го сфаќате и влијанието што го имате врз другите. - Гледате на неуспехот како можност за учење
Кога не успеваат во она што го зацртале, некои луѓе мислат дека го немаат она што е потребно за да успеат. И тука завршува нивната приказна. Но, не се сите такви. Природно бистрите луѓе го гледаат неуспехот како можност за учење. Тие знаат дека неуспехот е само почеток. Тие веруваат дека со издржливост и упорност можат да ги подобрат своите вештини и да постигнат успех. - Лесно решавање на проблеми
Ако вие или вашето дете сте добри во решавање на загатки, стратешки игри, наоѓање решенија за проблематични задачи, наоѓање решенија во соби за бегство, тоа укажува на фактот дека лесно ги решавате проблемите и тоа е знак за вистинска интелигенција. Едноставно е – или имате способност да решавате проблеми или немате. Без преправање. - Нема место за досада
Некои велат дека на паметните луѓе никогаш не им е досадно. Ова може да се објасни и со фактот дека паметните луѓе, дури и кога прават нешто досадно, наоѓаат начини да го ангажираат својот мозок и на тој начин да го забавуваат. Во современиот свет ова најдобро можете да го разберете во моментите кога ќе го изгубите интернетот. Сите современи извори на забава тогаш стануваат недостапни. Дали вие или вашето дете ќе можете да се забавувате без Интернет? Од овој одговор зависи и одговорот на прашањето за интелигенција…