Луѓето повторно ја актуелизираа темата за тоа дали децата треба да се носат на свадби откако едно дете стана вирално кога си го избриша лицето од фустанот на невестата, а видеото беше објавено на Тик-Ток.
Децата на свадбените приеми отсекогаш биле спорни и секогаш имало луѓе кои се ЗА или ПРОТИВ. Секој со своите аргументи.
Истото важи и за одењето по ресторани и кафулиња. На пример, пред некој ден со другарките седнав во едно скопско кафуле. Можеби цел час на масата до нашата на цел глас плачеа и врескаа децата на младите мајки кои веројатно сакале малку да се опуштат, ама истото го сакаа и сите присутни. Никој не им рече ништо, ниту пак ги замоли да си заминат, а самите очигледно не се сетија дека не се дома. Кога нашите деца беа мали и ние седевме со другарките по кафулиња, ама не се сеќавам дека некогаш сме дозволиле да врескаат на цел глас. Значи, додека им е подносливо и сакаат да седат, ќе седите, а кога ќе се побунат, ќе замолите да ви ги префрлат кафињата во чаши за носење и ќе си седнете на некоја клупа. Тоа е, никој не е должен да ги слуша вашите деца.
Слични се и реакциите на луѓето на ова видео на кое мало девојче си го брише лицето од белиот фустан на невестата бидејќи не може да најде салфетка.
За среќа, невестата почнува да се смее. Односно, за среќа, не остана никаква дамка на фустанот.
На снимката од пет секунди беше напишано: „Не се препорачува да служите кечап со пилешки прсти и помфрит за детскиот оброк…или едноставно не ги канете децата“.
Видеото на Тик-Ток е прегледано 1,6 милиони пати, а еден корисник едноставно реагирал: „Нема деца на мојата свадба“.
Друга корисничка вели: „Токму затоа ќе правам свадба без деца“.
Трета коментира: „Никогаш повеќе не би проговорила со родителите на детето“.
Слични се и другите реакции: „Порано не разбирав кога луѓето велеа дека нема деца на нивната свадба, но мислам дека сега разбирам“; „Децата „го убиваат расположението, никој не сака да се опива и да танцува кога има деца наоколу“.
Според планерката на венчавки Мередит Бартел од Висконсин, свадбите без деца стануваат сè попопуларни.
По пандемијата и зголемените трошоци за живот, паровите сега стануваат многу поштедливи.
„Не се потпираме на нашите родители да плаќаат за свадби како што беше пред неколку децении“, изјавила таа за Glamour.
„Луѓето прават свој избор наместо нивните родители да ги планираат нивните венчавки. Тоа е стол на маса. Некој возрасен гостин не може да биде поканет поради тоа дете“.
[…] Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“. […]